СР403З/18: Социјална работа со поединец
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | IV | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Сунчица Димитријоска
Цели на предметната програма:
Запознавање на студентите со современи сфаќања поврзани со методата на социјална работа со поединец, анализа на процесот на работа со корисник според различити модалитети, проучување на интердисциплинарен пристап во работа со корисникот и да се оспособат истата да ја спроведуват.
Содржина на предметната програма:
Социјална работа во системот на науки за човекот; Прикажување на разбирањето и дефиниции на терминот социјална работа со поединци; Модели на социјална работа, цели и практики; Вредности и принципи на социјалната работа; Професионален однос во социјална работа; Основните квалитети на социјалниот работник; Основни потреби на корисникот; Фази во социјална работа; Како да се започнете прв контакт со корисникот; Договори; Управување со случај; Процесот на проценка на состојбата, потребите, ризиците, и силни страни; Интервју, генограм и набљудување; Тимска работа; Интерперсонални вештини – гласот, говорот и јазикот, активно слушање, поставување прашања и работа со емоции; Сумирање и конфронтација; Техники: генограм, интервју, набљудување; Планирање на услугите и мерките; Индивидуален план на корисник; Третман на корисникот и видовите на третман: директен и индиректни; Мониториг; Евалуација и завршување на работата со корисник; Интервизија и супервизија.
Литература:
1. Žegrac C., Od problema do prilika u vođenju slučaja, UNDP Crna Gora, 2015
2. Urbanac K., Izazovi socijalnog rada sa pojedincem, Alinea, 2005
3. Vidanović I., Pojedinac i porodica – metode, tehnike i vestine socijalnog rada, IV dopunjeno izdanje, Naučno istraživački centar za socijalni rad i socijalnu politiku, 1996