ПЕ104И/18:Филозофија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаI3+26

Наставник: д-р Бранислав Саркањац

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во западноевропската филозофија, да се развијат способности за споредување на историски различни филозофски концепти, да се развие способност да се интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните филозофски текстови и притоа соодветно да се користи секундарната литература, да се зајакне сопствената филозофска мисла преку комуникација со идеите на филозофите, во форма на писмено изложување и/или вербална аргументација.

Содржина на предметната програма:

Основни проблеми на филозофијата, правци и дисциплини на филозофијата, односот на филозофијата и другите науки, односот на филозофијата со психологијата; античка, хеленистичко-римска филозофија, средновековна, византиска, нововековна и современа филозофија.

Литература:

1. Јосифовски, Ј.,  Филозофија, Скопје, Просветно дело, 1994

2. Мухиќ, Ф., Потомци на боговите, Скопје, Табернакул, 2005

3. Мухиќ, Ф.,Смислата и доблеста, Битола, Киро Дандаро 2002

4. Георгиева, В., Византиска филозофија, Скопје, Табернакул 2001

5. Бекон, Ф., Нов Органон,  Скопје, Аз-Буки 2006

6. Мухиќ, Ф., З. Жоглев, Мислење во акција Битола,  Киро Дандаро 2002

7. Ниче, Ф., Така зборуваше Заратустра, Скопје, 1978

8. Платон, Гозба, Матица македонска, 2003