ИА406И/18: Балканското благородништво во Средниот век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIV2+15

Наставник: д–р Тони Филипоски

Цели на предметната програма:

Студентите подробно да се запознаат со појавата и развојот на еден конкретен општествен слој на население (благородниците), кој претставувал носечки елемент во средновековното минато на Балканот. Притоа важно е да се обрне внимание на повеќе аспекти (воено- политичка, социјално-економска, културна, религиска и др.) од нивната активност и делување во текот на средниот век и особено да се проникне во причините за нивното прераснување во самостојни обласни господари.

Содржина на предметната програма:

Извори и историографија. Појава на балканското благородништво. Изворни именувања и титулации. Балканското благородништво до XII век. Балканското благородништво од XIII до XV век (Србија, Зета, Албанија, Епир, Тесалија, Бугарија). Сличности и разлики во развојот на благородничкиот слој во одделните балкански земји / држави. Благородништвото и балканскиот етницитет.

Литература:

1. J. Fine, The Late Medieval Balkans. A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest, Michigan, 1997

2. M. Шуица, Немирно доба српског средњег века. Властела српских обласних господара, Београд, 2000

3. С. Ћирковић и Р. Михаљчић (прир.), Лексикон српског средњег века, Београд, 1999

4. С. Ћирковић, Работници, војници и духовници (друштва средњовековног Балкана), Београд, 1997

5. Х. Матанов, Балкански хоризонти. История, обштество, личности, том 1,, Парадигма, София, 2004

6. Стари српски архив, књ. 1-10, Београд, 2002-2011