ИА401З/18: Вреднување на архивскиот материјал

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIV3+25

Наставник: д–р Тони Филипоски

Цели на предметната програма:

Студентите да се стекнат со научни и продлабочени сознанија за развитокот на вреднувањето на архивскиот материјал во светот и во Р. Македонија. Да ги совладаат принципите и критериумите за вреднување и да се запознаат со современите тенденции во вреднувањето на архивскиот материјал. Да здобијат способности и вештини за практично одбирање и излачување на материјалот кај имателите. Да се совладаат критериумите за вреднување на современи и посебни видови документи.

Содржина на предметната програма:

Поим и развој на вреднувањето на архивскиот материјал кај имателите и архивите. Доказна, информативна, оперативна и историска вредност на документите и нивно чување кај имателите. Принципи и методи на вреднување. Валоризација и категоризација во сите фази на стручно-научната обработка на материјалот. Видови листи за одбирање, карактеристики, методологија на изработка, рокови на чување. Селекција на актите, категоризација на имателите и архивскиот материјал во Р. Македонија. Инспекциски надзор и стручна помош во одбирањето. Изработка и примена на грански и поединечни листи. Вреднување на посебни видови на документација: аудио-визуелна, комерцијална, техничка, судска. Вреднување на документи од значење за најновата историја на Македонија. Современи системи на канцелариско работење и одбирање во светот. Практично одбирање и излачување кај имателите во Р. Македонија.

Литература:

1. Архивски закони во Р. Македoнија, делови за одбирање (1951, 1965,1973,1990/1995, 2012); Уредби и упатства за канцелариско и архивско работење; Правилници и критериуми за вреднување и категоризација на иматели на граѓа, Влада на РМ, Државен архив на РМ

2. Б. Лекић, Архивистика, Београд, 2006

3. T. Šelenberg, Moderni arhivi, Beograd, 1968

4. Т. Зајковски, Валоризација на архивската граѓа, 54-62, Арх. преглед Београд, 1980

5. L. Duranti, Arhivski zapisi, Zagreb, 2000

6. D. Eržišnik, Vrednovanje arhivskog gradiva, Zagreb, 2004