ИА306И/18: Средновековна Македонија – духoвна култура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | III | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Александар Атанасовски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за културно- историските процеси и појави; културните достигнувања во Македонија во средниот век; начинот на живеење; местото и значењето на тие настани во европската историја; критичка анализа на изворите.
Содржина на предметната програма:
Извори за средновековната историја на Македонија; општествено-економски промени на преминот од антиката кон средниот век; слободната селска општина; занимање на населението, селско-стопанска техника; паганството и христијанството; Дејноста на словенските просветители Кирил и Методиј и нивните ученици; Христијанството и неканонските учења; Црковен живот-создавање и егзистенција на Охридската архиепископија; феудализацијата и категории зависно население, даночен систем; средновековни градови во Македонија; занаетчиство и трговија; монаштвото, книжевни центри и скриптории; архитектура, облека, забава и разонода, жената во општествениот живот.
Литература:
1. Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија. т. 1, Мисла, Скопје, 1985
2. Панов Бранко, Средновековна Македонија. т. 2 и 3, Мисла, Скопје, 1985
3. Александар Атанасовски, Македонија во XIV век, Напредок, Тетово, 2009
4. Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, ИНИ, Скопје, 1994
5. Група автори, Историја на Македонија. т.1, ИНИ, Скопје, 2002
6. Јован Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, МПЦ / Богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, 1997.