ИА301З/18: Средување и опис на архивски материјал

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIII3+26

Наставник: д–р Никола Минов

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за структуирањето на архивската граѓа, како и за стандардите и методологијата во опишувањето на истата. Целта е студентите да ги усвојат принципите и методите на анализа и организација на архивските целини, да научат да ја средуваат архивската граѓа и да стекнат практични знаења за информативните средства за класичните и електронските фондови.

Содржина на предметната програма:

Структура и организација на архивската граѓа; Архивски единици (фонд, серија, досие, предмет, документ); Врските и односите помеѓу архивските единици; Изработка на класификациски планови кај имателите и во архивите; Принципи и методи на средувањето; Изработка на план и организација за работа на средувањето на граѓата; Средување на фонд и граѓа од значење за историјата на Македонија; Современи класификациски системи за класична и електронска граѓа и меѓународни норми; Поим и цели на архивистичкиот опис; Описот како средство за управување, користење и заштита на архивската граѓа; Описот како финална фаза во средувањето и обработката на архивските фондови; Видови информативни средства и помагала; Опис на неконвенционална граѓа; Современи меѓународни норми за опис на архивска граѓа.

Литература:

1. L. Duranti, Arhivski zapisi, HDA, Zagreb, 2000

2. Богдан Лекић, Архивистика, Београд, 2006

3. Закон за архивски материјал, Службен весник на РМ, 2012

4. Правилници за архивско работење

5. Stulli Bernard, Arhivistika i arhivska služba, Studije i prilozi, Zagreb, 1997

6. M. Ritzenthaler, G. J. Munoff, M. Long, Upravljanje zbirkama fotografija, Zagreb, 2004