И103З/18: Историја на античките Македонци 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Стефан Пановски
Цели на предметната програма:
Студентите да ги разберат историските процеси (етногенезата, општествено-економските односи, политичкиот систем, религијата и културата, како и придонесот на античките Македонци во човечката цивилизација) со цел стекнување историска свест потребна за разбирање на современите историски процеси. Да ги совладаат методите и методологијата за работа, за да можат стекнатото знаење да го пренесат на други, пред сѐ на учениците.
Содржина на предметната програма:
Географска положба на Македонија (граници, особености, области); извори. Етногенеза (етнички состав, проблеми на етногенезата, историјат на проблематиката, извори). Јазик, религија, календар. Периодизација на политичката историја. Прва македонска династија: Аргеади (име и потекло). Кралевите од крајот на VIII век ст.е. до V век ст.е. Кралевите од V век ст.е. до средината на IV век ст.е. Македонија во времето на Филип II (освојувања, реформи). Општествено уредување, државни органи и институции. Социјална структура на македонското општество. Културата во време на Аргеадите: урбанизам, архитектура, мозаици, сликарство, скулптура, историски дела. Навлегување на туѓи култови.
Литература:
1. Н. Проева, Историја на Аргеадите, Графотисок, Скопје, 2004
2. Ј. Борза, Под сенката на Олимп, Патрија, Скопје, 2004
3. J. Roisman, I. Worthington, A Companion to Ancient Macedonia, Wiley-Blackwell, 2010
4. F. Papazoglu, Srednjоbalkanska plemena u predrimsko doba, CBI, Sarajevo, 1969
5. П. Кабан, За Илирите од Бардилис до Гентиј, Догер, Скопје, 1996