И807И/18: Малцинствата на Балканот во XX век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVIII 2+15

Наставник: д–р Борче Илиевски

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за проучување за проучување и критичко вредување на положбата на малцинствата во балканските држави во XX век, како и заштита на нивните права во согласност со одредбите на меѓународните и регионалните организации.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на поимот малцинство. Меѓународна заштита на малцинствата во рамките на системот на Лигата на народите. Положбата на малцинствата во балканските држави меѓу двете светски војни. Малцинствата во балканските држави по Втората светска војна. Заштита и права на малцинствата во меѓународните организации по Втората светска војна.

Литература:

1. Владимир Ортаковски, Малцинствата на Балканот, 1998

2. Стојан Киселиновски, Ирена Ставови Кафка, Малцинствата на Балканот (XX вeк), ИНИ, 2004

3. Марија Тодорова, Замислувајќи го Балканот, Магор, 2001

4. Momir Stojković, Balkanski ugovorni odnosi, tom II (1919–1945), 1996

5. Zoran Janjetović, Deca careva pastorčad kraljeva. Nacionalne manjine u Jugoslaaviji 1918-1941, INIS, 2005