И502З/18: Балканот во Новиот век 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Далибор Јовановски
Цели на предметната програма:
Да се добијат сознанија за минатото на Балканот во периодот помеѓу 16 и 18 век. Да се запознаат со причините за различниот степен на развој на балканските народи на политички, економски, социјален, образовен и културен план. Запознавање и користење на литературата и анализа на изворите кои се однесуваат на соодветниот период.
Содржина на предметната програма:
Зацврстување на османлиската власт на Балканот. Појава и развој на исламизацијата – случаите на Босна и Албанија. Состојбите со православните цркви на Балканот. Автономните региони, области и кнежевства на Балканот под османлиска власт. Демографски промени. Доаѓање на Сефардите. Европските сили и Балканот – војните со османлиската држава. Времето на анархија во османлиската држава. Планови за поделба на османлиската држава. Создавање на балканските трговски колонии во Европа и во Русија. Влијанието на европските просветителски идеи врз Балканот. Венецијанската управа во Далмација и на Јонските острови. Русија и балканските православни христијани.
Литература:
1. Барбара Јелавич, Историја на Балканот т.1, НИК Лист, Скопје, 1999
2. Питер Шугар, Југоисточна Европа под османска власт 1354-1804, Арс студио, Скопје, 2015
3. Марк Мазовер, Балканот – кратка историја, Евро-Балкан Пресс, Скопје, 2005
4. Томас Арнолд, Историја на Исламот, Логос – А, Скопје, 2009
5. Илбер Ортајли, Повторното откривање на Османлиите, Алманах, Скопје, 2014
6. Доналд Кватерт, Османлиската империја 1700-1922, Арс студио, Скопје, 2015