У2033/18: Ликовна семиотика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностII4+26

Наставник: д–р Никос Чаусидис

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со општите аспекти на ликовната семиотика. Антрополошки, психолошки и други аспекти на визуелната перцепција, создавањето на ликовното дело, неговото траење и трансформација. Воведување во методите на „читање”, анализирање и толкување на семиотичките т.е. значенските нивоа на ликовните дела.

Содржина на предметната програма:

Реалност – слика – човек. Реалност – ментална слика – ликовно дело. Митска слика. Дефинирање на елементите на една слика во нивниот семиолошки контекст. Симбол. Архетипски слики. Создавање, траење, пренесување и трансформации на сликата во време и простор. – Ликовност – психологија. Функии на ликовното. Семиотика на човековото тело. Слики на светот – слики на човекот (интеракција; симболичко доближување и идентификација). Слики на светот (тродимензионални; дводимензионални; геометризација, зооморфизација и антропоморфизација на светот). – Семиотика на живеалиштето. Семиотика на артефакти.

Литература:

1. Н. Чаусидис, Митските слики на Јужните Словени, Скопје. Мисла, 1994

2. Н. Чаусидис, Космолошки слики: Симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум, Том 1-2, Скопје: Н. Чаусидис, 2005.

3. Н. Чаусидис, Жената како персонификација на просторот за живеење / Македонскиот театар: балкански контекст, 45-101. Скопје: Факултет за драмски уметности, 2007

4. E. Neumann, The Great Mother – an analysis of the archetype, Princeton University Press, 1963.

5. C. G. Jung et al., Čovjek i njegovi simboli, Zagreb: Mladost, 1987.

6. П. Гиро, Семиологија, Београд: XX век, 1983.