Г102З/18 : Латински јазик (почетен курс)
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Грчки јазик и античка книжевност | I | 3+3 | 6 |
Наставник: д–р Светлана Кочовска-Стевовиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да усвојат знаења од латинската фонетика, основни знаења од латинската морфологија и синтакса, да усвојат основен лексички фонд и да стекнат пошироки знаења за повеќе аспекти на античката култура и цивилизација, како и елементарни компетенции за самостојна анализа и превод. Да ги увидат заедничкото потекло и сродности на јазиците од индоевропската група, вклучително и македонскиот јазик.
Содржина на предметната програма:
Латинска фонетика (писмо, гласови, изговор, акцент); основи на морфологијата на името (I-V деклинациja, лични заменки, лично-повратна заменка, посвојни заменки, прашални заменки, редни броеви, компарација на придавки и прилози); основи на морфологијата на глаголот (I-IV конјугација, помошен глагол, индикатив на времиња од презентска основа во актив и пасив, императив I); основи на латинската синтакса (субјект, предикат, атрибут, апозиција, основни падежни функции, инфинитивот како објект и како субјект, независна реченица).
Литература:
1. Димовска-Јањатова В. – Кочовска С., Elementa Latinitatis. Grammatica. Филозофски факултет, 2012.
2. Димовска-Јањатова В. – Кочовска С., Elementa Latinitatis. lectiones et pensa. Филозофски факултет, 2011.
3. Софрониевски В., Латинско-македонски речник, Бигос, 2001.
4. Gortan V. – Gorski O. – Pauš P., Latinska gramatika, Školska knjiga, 1998.
5. Ørberg H. H., Lingva Latina per se illvstrata, pars I: Familia Romana, Domus Latina, 2000.
6. Jones P.V. – Sidwell K. C., Reading Latin, Cambridge University Press, 2003.