Л801З/18: Дидактика на класичните јазици
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Латински јазик и античка книжевност | VIII | 3+3 | 6 |
Наставник: д–р Весна Димовска
Цели на предметната програма:
Студентите да се оспособат за практична настава во средните и основните училишта; теоретските знаења од старогрчки и латински јазик им ги пренесат на учениците создавајќи целосна претстава за античката цивилизација и значењето на културното наследство за европската култура, како и посветувајќи внимание на воспитно-образовните и етичките начела на античката култура. Да се оспособат да користат современи методи и техники на настава, информатичка технологија и електронски ресурси. Да се оспособат за евалуација на знаењата на учениците.
Содржина на предметната програма:
Теорија на дидактиката на класичните јазици. Преку вежбите и практичната настава студентите се упатуваат на модерни наставни техники и методи соодветни за примена во наставата по класичните јазици, користење на електронски ресурси и информатичка технологија. Се оспособуваат преку наставата да ја акцентираат многукратната присутност на антиката во современиот свет, особено на наша почва.
Литература:
1. Прир. Димовска В. и други, Docendo discimus. Развој и имплементација на мастер студии по дидактика на класичните јазици „Антика“, 2008
2. Шијачки-Маневиќ, Б., Методика наставе латинског језика. 1998
3. Статии од областа објавени во списанието SYSTASIS (www.systasis.org).
4. Статии од оваа област објавени во списанието Latina et Graeca.