К202З/18: Латински јазик (продолжителен курс)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаII3+36

Наставник: д–р Весна Димовска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења од морфологијата и синтаксата на латинскиот јазик, да го збогатат лексичкиот фонд и да се оспособат за самостоен превод и анализа на прилагодени и на одбрани изворни латински текстови. Темелно да ги совладаат наведените јазични структури и да стекнат сигурност и автоматизам во примената на усвоените знаења. Да го зголемат капацитетот и квалитетот на преведување од латински на македонски јазик и да се создадат основи за посложена анализа на синатксичките и стилските структури во повисоките семестри од студиите.

Содржина на предметната програма:

Морфологија на името (грчка деклинација, главни, делни и прилошки броеви, показни, односни и неопределени заменки); морфологија на глаголот (конјунктив на времињата од презентска основа, индикатив и конјунктив на времиња од перфектна и партиципска основа, императив II, депоненентни и семидепонентни глаголи, глаголи со посебна конјугација, непотполни глаголи, безлични глаголи, герунд, герундив, супин); синтакса на глаголот (акузатив со инфинитив, номинатив со инфинитив, апсолутен аблатив); синтакса на падежот (акузатив и генитив); синтакса на сложена реченица (прашални, барателни и целни реченици). Детално се анализира функцијата на реченичните конструкции и се развива способност за примена на овие конструкции при превод од латински на македонски јазик. Дескриптивната граматика се аплицира на одбрани прилагодени или изворни латински текстови.

Литература:

1. Димовска-Јањатова В. – Кочовска- Стевовиќ С., Vestibulum Latinitatis, Grammatica, Филозофски факултет 2017

2. Димовска-Јањатова В. – Кочовска- Стевовиќ С., Пакет на материјали за предметот, Латински јазик – продолжителен курс (вежби, одбрани текстови и прашања)

3. Софрониевски В., Латинско-македонски речник, Бигос, 2001

4. Gortan V. – Gorski O. – Pauš P., Latinska gramatika, Školska knjiga, 2003

5. Jones P. V. – Sidwell K. C., Reading Latin, Cambridge University Press, 2003