СС502З/18: Социјална работа со семејство

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииV3+26

Наставник: д–р Сузана Борнарова

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења за промените и карактеристиките на современото семејство. Усвојување вештини за проценка на семејството како систем. Запознавање со методите, техниките и фазите во социјална работа со семејство.

Содржина на предметната програма:

– Поим за семејство

– Семејни типологии

– Неконвенционални видови семејства

– Семејни брачни и животни циклуси

– Семејна кохезивност

– Семејна функционалност/дисфункционалност

– Семејни процеси: улоги, правила, односи

– Семејството како систем

– Превентивна социјална работа со семејство: предбрачно советување, образование за живот во семејство, образование за родителство

– Фази во социјална работа со семејство: откривање на случај / ангажирање, собирање податоци, проценка / дијагноза, планирање и договор за работа, имплементација / терапија, евалуација, завршување

– Техники и инструменти во работа со семејство

Литература:

1. Борнарова Сузана, Социјална работа со семејство, Филозофски факултет, 2012

2. Constable R., Lee B. D., Social Work with Families: Content and Process, Lyceum Books, 2006

3. Maluccio N. A., Social Work Practice with Families and Children, Columbia University Press, 2002