СС204И/18: Улогата на семејството во социјалниот развој

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииII2+26

Наставник: д–р Светлана Трбојевиќ

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за семејството како значаен фактор во унапредувањето на социјалниот развој и знаења кои се однесуваат на усвојување на концептуални и теоретски сознанија во однос на основите на социјалниот развој, современите правци во социјалниот развој, како и принципите, факторите и индикаторите за социјалниот развој.

Содржина на предметната програма:

Поим на социјалниот развој. Принципи и фактори на социјалниот развој. Индикатори за социјалниот развој. Феноменот на сиромаштија наспроти социјалниот развој. Глабелни аспекти на социјалниот развој со посебен осврт на Европската Унија. Перспективи на социјалниот развој. Функции на семејството. Фактори на семејна кохезија. Општественото значење на семејството. Улогата на семејството во социјалниот развој. Социјалниот развој како фактор на семејната благосостојба. Семејството, сиромаштијата и социјалниот развој.

Литература:

1. Пејковски Ј., Социјален развој, Филозофски факултет, 2008

2. Доневска М. и др., Сиромаштија – состојби во Република Македонија, Филозофски факултет, 2011

3. Македо С., Јанг М. И., Детето, семејството и државата, Табернакул, 2008

4. Алкок П., Разбирање на сиромаштијата, Магор, 2008

5. Листер Р., Сиромаштија, Академски печат, 2009