БОМ409И/18: Асиметрични закани

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+16

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за теоријата на асиметрични закани зада можат да ја користат правилно релевантната терминологија. Овој предмет е дизајниран да ги запознае студентите со транснационалното асиметрично војување спроведено од страната на глобалните терористички организации. Да ги знаат основните информации за современиот тероризам (групи, напади, идеологии), транснационалниот организиран криминал (групи, активности), не-државните употреби на оружје за масовно уништување или информациони технологии. Исто така, треба да бидат во можност да ја проценат моменталната стратешка важност на асиметричните закани (интензитет на закана, последиците итн) и треба да бидат способни да направат обид да ја предвидат иднината на еволуцијата на овие закани и одговорите на нив.

Содржина на предметната програма:

Концептот на асиметрични закани – етиологија, суштина, специфичности, слабости. Типологии на асиметрични закани: внатрешниот и меѓународниот тероризам – клучни термини и класификации, главни форми и трендови, стратешка важност. Транснационалниот организиран криминал – природата на влијание на државната безбедност, форми, стратешка важност. Закани за безбедноста на информациите поставени од страна на недржавните актери – карактеристики, главни форми, стратешко значење, противмерки. Употреба на оружје за масовно уништување од страна на недржавни актери и веројатноста за тоа (психолошки, организациски, технички и стратешки аспекти).

Литература:

1. Роберт Џ. Бункер, Не-државни закани и идни војни, Routledge, 2003

2. Пол Вилијамс (ур.), Студии по безбедност, Арс Ламина, 2012

3. Th. A. Van Baarda; D. E. M. Verweij; Sir Richard Dannett, The moral dimension of asymmetrical warfare, Leiden, Boston, 2009