М806И/18: Менаџирање на природни ресурси
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Тони Милески
Цели на предметната програма:
Предметната програма овозможува стекнување на знаења за значењето на природните ресурси и нивното правилно искористување. Студентите ќе бидат оспособени за примена на стекнатите знаења во сферата на заштитата на животната средина, креирањето на политики за заштита и правилно искористување на природните ресурси. Една од главните цели на предметната програма е поттикнување на критичкото мислење на студентите и развивање вештини и способности за решавање на одредени проблеми во конкретната сфера.
Содржина на предметната програма:
Основи на менаџментот во сферата на животната средина. Обновливи и необновливи ресурси. Институции за менаџирање на природните ресурси. Одржлив менаџмент – одржлив екосистем. Растот на популацијата и искористувањето на природните ресурси. Заштита и конзервација на природните ресурси. Природни ресурси и безбедноста. Војни за ресурси. Процена и менаџмент на ризиците на животната средина. Процена на ризикот на животната средина во бизнисот. Процена на ризикот и менаџмент за обработка и складирање на отпад. Процена на ризикот и менаџмент на копнените води. Процена на ризикот и менаџмент во експлоатацијата на морињата. Проектирање на животната средина: политика на „развој на природата“. Еколошко менаџерство: еколошките студии како образование моќ / знаење.
Литература:
1. Тони Милески, Менаџирање на природни ресурси – прирачник, Филозофски факултет, 2012
2. Питер Калоу, Прирачник за процена и менаџмент на ризиците на животната средина, Датапонс, 2009
3. Френк Фишер и Мартин А. Хајер, Живеење со природата, Табернакул, 2009