М701З/18: Глобализацијата и мирот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат општи знаења за теоретските основи на процесите на глобализација, развивање на способности за уочување на позитивните и негативните аспекти на глобализацијата, како и осознавање на новите патишта кои водат кон мир и безбедност на национално и наднационално ниво.
Содржина на предметната програма:
Генеза, поим и дефинирање на глобализацијата; Теоретски пристапи на процесите на глобализацијата; Детерминирање на политичките, економските, културолошките, безбедносните и другите аспекти на глобализацијата; Определување на процесите на фрагментација, регионализација и интеграција; Глобализацијата и националниот суверенитет; Улогата и влијанието на меѓународните организации, институции и недржавни актери во промовирањето на мирот и конфликтите во глобализираниот свет; Богатите и сиромашните земји во услови на глобализација; Безбедносните импликации од глобализацијата; Алтернативи на глобализацијата и прашањето на мирот и безбедноста во 21 век.
Литература:
1. Зенделовски Г. и Нацев З., Глобализација, мирот и безбедноста, Филозофски факултет, 2014
2. Малколм Вотерс, Глобализација, Институт за демократија, солидарност и цивилно општество, 2003
3. Дејвид Хелд и Мекгру Е., Управување со глобализацијата: моќ, власт и глобално управување, Академски печат, 2010
4. Jan Art Solte, Globalizacija: kritički uvod, CID, 2009