М606И/18: Менаџирање на човекови ресурси
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VI | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Марина Митревска
Цели на предметната програма:
Преку совладување на содржините од оваа предметна програма студентите се стекнуваат со знаења за човечките ресурси, принципите на планирање и управување со човековите ресурси, избор и управување со кадрите, надградувањето и мотивацијата на човековите ресурси.
Содржина на предметната програма:
Историски развој и современи тенденции на менаџирање на човекови ресурси. Цели на МЧР, функции, детерминирачки фактори, стратегиска улога. Планирање на човечките ресурси, регрутација, селекција на кандидати и обука. Менаџирање на човечки ресурси во јавната администрација. Менаџирање на човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи. Менаџирање на човечките ресурси во одбраната и Армијата.
Литература:
1. Трајан Гоцевски, Менаџмент на човечките ресурси во безбедносниот сектор, Филозофски факултет, 2015