М602З/18: Транзициска правда
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VI | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Билјана Ванковска
Цели на предметната програма:
Запознавање со концептот на транзициска правда и примерите на негова конкретна примена. Развивање критичко мислење за неговата (не)компатибилност со традиционалните концепти на правото, правдата, мирот и помирувањето. Студентите ќе развијат способности за анализа и критичко размислување во однос на механизмите применети во регионот на поранешна Југославија, и особено оние применети во Република Македонија по конфликтот од 2001 година.
Содржина на предметната програма:
Право и правда; правдата во пост-конфликтните општества; облици и механизми на транзиционата правда (амнестија и заборав, судења за воени злосторства, комисии на вистината и помирувањето, заздравување преку сеќавање, лустрација, итн.); помирување и простување; студии на случај: Јужноафриканската Република, Северна Ирска, Шпанија, бивша Југославија, Република Македонија.
Литература:
1. Билјана Ванковска, Транзициска правда (во подготовка)
2. Билјана Ванковска (ур.), Соочување со конфликтното минато: зошто и како да се стори тоа, Евро-Балкан Прес, Скопје, 2006
3. Reconciliation After Violent Conflict, IDEA, Stockholm, 2003
4. Алекс Борејн, Земља здеране маске, Б92, Београд, 2000