М505И/18: Мировни стратегии
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Стекнување на научно-теоретски знаења за стратегиите, ставовите, определбите, програмските содржини и мерките и активностите кои ги превземаат меѓународните организации, невладините организации и движења и други актери во светот на зацврстување на мирот на глобално ниво.
Содржина на предметната програма:
Идеи, видувања и концепти за мирот низ историјата на човештвото.Основни меѓународни текови и активности за обезбедување и зацврснување на мирот по Втората светска војна.Суштински либерални и функционалистички институционални патишта кон мирот.Концептите за глобално цивилно општество, процесите на глобализацијата и мирот.Пристапите на невладините организации, третиот и непрофитниот сектор и на фондациите во творењето на мирот. Стратегиско-програмски концепти на мировните движења (еколошки, антивоени, антинуклеарни, антиглобалистички и др.). Стратегија на ненасилно дејствување во функција на поддршка на мирот.
Литература:
1. Лидија Георгиева, Творење на мирот, Филозофски факултет, 2007
2. Čarls Kegli i Judžin Vitkof, Svetska politika, trend i transformacija, Prometej, 2006
3. Група автори, Теории на ненасилство, Балкански центар за мир, 1999
4. Аврамов С., Алтернативни модел светскe заједнице, Нова Европа, 2005