О605И/18: Современо војување
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VI | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Сергеј Цветковски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за промените кои ја детерминираат новата конфликтна средина и нејзините импликации врз обликувањето на современото војување.
Содржина на предметната програма:
Индустрискиот пристап на апликација на сила. Војната како примарно технолошки проблем. Конфликтна околина исполнета со борбени операции на регуларни сили. За поимот на револуција во воените работи (РМА) и усвојување на новиот стил на војување кон крајот на 20 век. Промена на конфликтите во почетокот на 21 век и отварањето на нова ера во војувањето. Најзначајни фактори кои ја обликуваат новата конфликтна околина. Влијанието на просторот во физичка, човечка и информациска смисла. Различните видови на закани, транснационалниот тероризам, Вооружените сили (ВС) и други закани. Постоењето на концепциски разлики во пристапот на војувањето. Ирегуларен начин на војување. Нивоа на војна, дифузирање на борбата на стратегиското оперативно и тактичко ниво на војна. Променливоста на актерите. Интеграцијата на конвенционалните и специјални операции. Приватните компании есенцијален елемент на конфликтот. ВС една од компонентите на националниот одговор и просторот на мисија.
Литература:
1. Роберт Џ. Бункер, Не-државни закони и идни војни, Нампрес, 2009
2. Даскаловски Синиша, „Кризата во Македонија 2001: Внатрешен вооружен конфликт или војна?“, Годишен зборник 58, 2005.
3. Мирковић Тодор, Стратегије и ратне доктрине супер сила и блокова, ВИЗ, 2003
4. The Military Balance 2010, The war in Afghanistan, p. 9-19, Routledge, 2010
5. Панев Т., Гоцевски Т. и Даскаловски С., Основи на дефендологијата, Филозофски факултет Скопје – 2. Август Штип, 2003