О602З/18: Картографија и топографија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI4+26

Наставник: д–р Тони Милески

Цели на предметната програма:

Проучувањето на содржините по предметот Картографија и топографија на студентите ќе им овозможи стекнување на знаења и вештини за користење на сите видови карти и ориентација во просторот. Покрај осознавањето на вештините за читање на топографските карти, студентите треба да се запознаат и оспособат да ги користат техниките за изработка на скици и шеми на просторот, сите постапки во рамките на картометријата, дешифрирање на аерофото снимки, користење на системите за глобално позиционирање и нивна практична примена.

Содржина на предметната програма:

Поим за картографија и топографија. Историски развој на картографијата. Форма и големина на Земјата. Координатни системи. Картографски проекции. Општа картографија и топографија. Елементи на картите. Претставување на релјефот на топографски карти. Картометрија.Ориентација на земјиште со помош на карта. Ориентација во просторот. Одредување на положби на точки на карта. Движење по непознато земјиште. Фотограметрија. ГИС и ГПС технологија. Гармин Етреx Еуро / Суммит / Легенд / Нуви 660.

Литература:

1. Змејковски, М., Талевски, Ј., Основи на картографија и топографија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2000

2. Змејковски, М., Талевски, Ј., Милески, Т., Ѓорѓиевски, Г., Практикум по основи на картографија и топографија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2002

3. Милески, Т., Прирачник за користење на приемници за глобално позиционирање, Филозофски факултет, 2007