Б803И/18: Организиран криминал

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVIII3+16

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за елементите и формите на организираниот криминал. Целта на оваа програма е студентите да стекнат знаења за теориите за организираниот криминал, криминалните организации и облиците на манифестација на овој феномен. Покрај проучувањето на факторите кои овозможуваат појавување на организираниот криминал, студентите треба да ги изучуваат мерките, политичките и институционалните иновации за спречување на организираниот криминал.

Содржина на предметната програма:

Поимовно определување на организираниот криминал; Структура на организираните криминални организации. Етиологија на организиран криминал; Динамика на организираниот криминал. Основни и специфични модели на криминално организирање. Реконцепција на транснационалниот организиран криминал како безбедносна закана. Карактеристики на конвергенцијата на транснационалниот организиран криминал и тероризам. Организиран криминал по географски региони (Италијански организирани криминални групи; Албански организиран криминал; Кинески тријади; Јапонски јакузи; Колумбиски нарко-картели; Мексикански нарко синдикати; Руски организиран криминал; Организираниот криминал во Западен Балкан). Модели на поврзаност на тероризмот и транснационалниот организиран криминал. Превенција и улогата на регионалната и меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал.

Литература:

1. Тања Милошевска, Модели на поврзаност на тероризмот и на транснационалниот организиран криминал, Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Лајман Д., Гари Потер, Организиран криминал, Магор, 2009

3. Katherine Hirschfeld, Gangster statesOrganized states, kleptocracy and political collapse, Palgrave Macmillan, 2015

4. Mitchel P. Roth, Global organized crime, ABC Clio, 2010