Б505И/18: Глобализацијата и безбедноста
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Стекнување на општи знаења за теоретските процеси на глобализацијата, развивање на способности за уочување на безбедносните импликации и придобивки од современите процеси на глобализација, како и мерките и активностите кои ги превземаат меѓународните организации, невладините организации и другите актери за зацврснување на безбедноста на национално и наднационално ниво.
Содржина на предметната програма:
Поим и дефинирање на глобализацијата; Теоретски пристапи на процесите на глобализацијата; Безбедносни импликации и придобивки од процесите на фрагментација, регионализација и глобализација; Државата, суверенитетот и безбедноста; Улогата и влијанието на меѓународните организации, институции и недржавните актери во промовирањето на безбедноста во глобализираниот свет; Глобалното ризично општество; Глобалните закани и безбедноста; Воената моќ во услови на современата глобализација; Новиот светски поредок и (не) безбедноста во 21 век.
Литература:
1. Зенделовски Г. и Нацев З., Глобализација, мирот и безбедноста, Филозофски факултет, 2014
2. Ванковска Б., Меѓународна безбедност: критички пристап, Филозофски факултет, 2011
3. Дејвид Хелд и Мекгру Е., Управување со глобализацијата: моќ, власт и глобално управување, Академски печат, 2010