Б503И/18: Меѓународна безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирV3+16

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со најважните теориски концепти и пристапи во анализата на меѓународната безбедност. Развивање на критичко и креативно размислување на причинско-последичните врски на појавите во меѓународните односи, кои имаат глобални безбедносни импликации. Теориските сознанија ќе бидат надополнети со апликација на емпириски примери за меѓународна хармонија и/или несогласувања. Главната цел е студентите да се стекнат со вештини во смисла на вршење анализа на конкретни и актуелни меѓународни безбедносни проблеми.

Содржина на предметната програма:

Карактеристики на научната дисциплина. Клучни концепти на меѓународната безбедност, како меѓународна анархија, безбедносна дилема,трансформација на војната и конфликтите во 21 век, приватизација на безбедноста,биополитика. Главни актери на меѓународната безбедност (држави, меѓународниорганизации, глобални недржавни актери). Главни глобални безбедносни закани во 21 век(типологизација на Оксфордската истражувачка група). Начини и механизми наразрешување на безбедносните проблеми.

Литература:

1. Билјана Ванковска, Меѓународна безбедност: Критички пристап, Филозофски факултет, 2011

2. B. Buzan and L. Hansen, The Evolution of International Security Studies, Cambridge University Press, 2009

3. Ken Booth, Theory of World Security Cambridge, University Press, 2008

4. Питер Хју, Поим на глобална безбедност, Табернакул, 2009