Б502З/18: Вовед во криминалистика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Тања Милошевска
Цели на предметната програма:
Основната цел на предметот е студентите да ги научат основите на криминалистиката како самостојна наука и да се стекнат со основни и напредни знаења за науката за криминалистиката, основните принципи на криминалистиката, за криминалистичко оперативната дејност, за планирањето итн. Предметот е креиран за стекнување на основни познавања на концептите и на прашањата од областа на криминалистиката. Студентите е потребно да се оспособат за практична примена на основните криминалистички начела и да развијат вештини за употреба на соодветната терминологија и на соодветните концепти од областа на криминалистиката. Преку овој предмет студентите се оспособуваат да идентификуваат и да анализираат проблеми поврзани со криминалистиката.
Содржина на предметната програма:
Поим, предмет и задачи на криминалистиката. Системност на криминалистиката. Закони на развојот на криминалистиката. Поим и значење на криминалистичко планирање. Поврзаност на криминалистиката со други науки. Научници кои придонеле за развојот на криминалистиката. Историски приказ и организациона структура на Интерпол. Улогата на Интерпол во борбата против криминалот поврзан со моторни возила, кражбите на уметнички предмети, недозволена трговија со дрога, тероризам, финансиски криминал и корупција. Општи методи на криминалистиката. Специјални методи на криминалистиката. Начини за дознавање за постоење на кривични дела. Профилирањето како современ метод на криминалистичко профилирање. Криминалистички начела: класификација, начело на законитост, на вистина, планско постапување, критичност и самокритичност, брзина и изненадување, темелност и упорност, објективност, координација и соработка, деонтолошко и морално-етичко постапување, чување на службена тајна, начело на економичност, хуманизам.
Литература:
1. Џуклески Гоце, Вовед во криминалистика, Соларис принт, 2009
2. Анѓелески Методија, Вовед во криминалистика, 2007
3. Robert C. Winters, Julie L. Globokar, Cliff Roberson, An introduction to crime and crime causation, CRC Press, 2014