МИС725И: Европска уметност и интеркултура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVII3+16

Наставник: д–р Татјана Филиповска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со регионалниоте особености и интеркултурните комуникации како меѓусебни влијанија во рамките на европската уметност од средниот век до современата ликовна уметност и архитектура. Студентите исто така ќе бидат во можност да ги согледаат историско-политичките, религиозни и економски прилики, кои условиле поголем дел од интеркултурните комуникации низ епохите.

Содржина на предметната програма:

Средновековна Европа меѓу готичкиот стил и византискиот ликовен манир; Ренесансата и хуманизмот-време на доминација на античките идеали; Нидерландски влијанија во италијанското сликарство на 15 век; Ренесансни и маниристички влијанија на европските дворови во 16 век; Рим- центар на уметноста и романистите; Експанзија на барокниот стил како резултат на консолидирање на католичкиот сегмент на континентот во 17 столетие; Колекционерството како фактор на интеркултура; Големата тура и европската уметничка размена во зародиш на неокласицизмот; Романтизмот и неговите релации со историската и современата егзотика на другите континенти; Интернационалниот карактер на уметничките академии во 19 век; Светските изложби и интеркултурата; Рефлексии на европската умјетност на америчкиот континент на крајот на 19 и почетокот на 20 век; Уметноста на 20 век во услови на глобализација и нејзината улога во тој процес.

Литература:

1. E. H. Gombrih, Umetnost i njena istorija, Nolit, Beograd 1980

2. H. W. Janson, Istorija umetnosti, Jugoslavija, Beograd 1975

3. H. Velflin, Renesansa i barok, Izdavačka knjižarnica Zorana Stojanovića, Sremski Karlovci 1980

4. С. Ф. Ајсенман, Уметноста во деветнаесеттиот век, критичка историја, Кочани 92, Кочани 2014

5. Х. Х. Арнасон, П. Калб, Историја на модерната уметност, сликарство, скулптура, архитектура, фотографија, Нампрес, Скопје 2009