МИС102: Вовед во политички науки

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииI3+16

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со базичните политички концепти и политички појави на базичен теоретски, поимен, категоријален и феноменолошки начин. Стекнување на сознанија за елементите и функционирањето на политичкиот систем, демократските институции и политики. Главна цел е стекнување научни знаења и практични способности во анализа на институционално-функционалните и динамички аспекти на демократските политички системи, како и способност за споредување на моделите на демократија. Студентите ќе развијат способности за анализа и критичко размислување во однос на конституирањето на политичкиот систем, уставно-политичкиот инженеринг и меѓународниот стејтбилдинг.

Содржина на предметната програма:

Поим на политиката и политичкото; основни политички теории; односот помеѓу јавната и приватната сфера; власт, моќ и авторитет; политички елити, политички партии, социјални движења, групи за интерес и групи за притисок, политичка идеологија, политичка култура, политичка социјализација, политички конфликти, политички процес, политичка партиципација; поим, облици и детерминанти на политичкиот систем; структура на политичкиот систем; демократски политики и демократски институции; карактеристики на политичкиот систем на Република Македонија и на клучните институции на власта.

Литература:

1. Билјана Ванковска, Политички систем на РМ, УКИМ 2014

2. Димитар Бајалџиев, Политологија, 2009

3. Ендру Хејвуд, Политика, Академски печат 2009

4. Д. Мирчев и Л. Христова, Модерната политологија, ФОН 2008