Д603З/18: Методика на работа со ученици со моторни нарушувања

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVI2+36

Наставник: д–р Оливера Рашиќ-Цаневска

Цели на предметната програма:

Стекнување на теоретски и практични знаења за законитостите на развојот, причините за настанување на различни видови на моторни нарушувања и можностите за учење на децата со различни видови и степени на моторни нарушувања од училишна возраст. Запознавање на студентите со воспитно-образовни потреби на учениците со моторни нарушувања, проблемите во учењето и нивното функционирање во инклузивна училишна средина и во посебни училишта, методи и принципи на воспитно-образовна дејност со овие ученици и прилагодување на просторните и материјалните услови . Стекнување најсовремени знаења за научните достигања од Методика на работа со ученици со моторни нарушувања и нивна практична примена во процесот на едукација на лицата со различен вид и степен на моторни нарушувања.

Содржина на предметната програма:

Етиологија и класификација на различни видови моторни нарушувања; Карактеристики на деца со различни видови на моторни нарушувања; Можности и специфичности во школувањето на децата со моторни пречки (инклузивно и посебно образование, образование во болнички и домашни услови); Проценка на функционалните способности на децата со моторни пречки во училиштето-моторни, когнитивни, комуникативни и интерперсонални; Методски пристап во работата со различни категории на деца со моторни пречки; Превентивно корективна работа и стимулативни активности за ученици со моторни нарушувања. Методика на специјално пишување (индикации за специјално пишување, подготовка за специјално пишување, пишување со лева рака, пишување на церебрално парализираниот ученик, пишување со уста, пишување со нога и пишување со активен дел на телото, пишување со примена на ортози и протези; Адаптирано физичко образование за ученици со моторни нарушувања; Сексуално-репродуктивно воспитание и образование.

Литература:

1. Илић-Стошовић Д., Теорија васпитања и образовања особа са моторичким поремећајима, Универзитет у Београду, Факултет за специјалну едукацију и рехабилитацију, 2011

2. Mark Fox, Including children 3-11 with physical disabilities, David Fulton Publishers, London, 2003

3. Рашиќ-Цаневска, О., Чичевска-Јованова Н., Методика на работа со ученици со моторни нарушувања (интерен материјал), Филозофски факултет, 2017

4. Pilla A. C. Pickles, Inclusive Teaching, Inclusive Learning (Managing the curriculum of children with severe motor learning difficulties), David Fulton Publishers, London, 2004

5 .Стошљевиќ Л. И сор., Процена способности особа са моторичким поремечајима (практикум), Научна книга, Белград 2006

6. Стошљевиќ Л. И сор., Соматопедија Научна книга, Белград