Д201З/18: Невропсихологија со реедукација на психомоторика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаII3+26

Наставник: д–р Анита Арсовска, д–р Александра Каровска Ристовска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења од невропсихологијата со реедукација на психомоторика како научна дисциплина која наоѓа примена во дефектологијата во објаснувањето и донесувањето заклучоци за низа состојби и растројства кои ја чинат личноста во развојниот период дисфункционална на психомоторен, когнитивен, емоционален и социјален план. Проучување на клиничките слики во развојниот период кои се јавуваат како резултат на невоедначениот тек на развојот на личноста на полето на психомоторниот спрег, когнитивната организација, развојот на говорот и слично. Запознавање со психомоторно реедукативните постапки од превентивен или тераписки аспект во спроведување на појавите или надминување на проблемите што овие развојни и специфични клинички слики можат да го загрозат општото функционирање на личноста во социјалното поле.

Содржина на предметната програма:

Основни сознанија за анатомскофизиолошките структури кои ги чинат структурите и функциите на ЦНС, како централен апарат и структурите и функциите на нервно-мускулниот состав како извршен дел. Да се стекнат знаења за изградбата и диференцирањето на доминантноста на хемисферите, латерализацијата, димензиите време и простор, чија дисфункционалност дава реперкусии врз практогностичките способности, когницијата, говорот, вниманието, перцепциите, емоциите, социјалниот живот на личноста од развојниот период во нејзиното егзистенцијално поле. Збогатување со општи и специфични психомоторно-рехабилитациони постапки.

Литература:

1. Поп-Јорданова Н., Невропсихологија, Култура, 2011

2. Бојанин С., Неуропсихологија развојног доба и општи реедукативни метод, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1985

3. Бојанин С., Третман покретом и саветовање, Помоћ породици, 2016

4. Копачев Д., Неуропсихологијаопшт и клинички дел (скрипта), Скопје, 1999

5. Говедарица Т., Општа реедукација психомоторике, Београд, 2000