А603З/18: Семиотика на артефакти
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | VI | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Никос Чаусидис
Цели на предметната програма:
Запознавање на студентите со семиотиката и симболичките значења на артефактите и нивната обредно-магиска и религиска функција во древните и архаичните култури.
Содржина на предметната програма:
Основи на општата, визуелната и ликовната семиотика. Проткаеност и диференцијација меѓу утилитарната и означувачката (семиотичка / симболичка) функција на артефактите. Проткаеност и диференцијација меѓу работата и обредот: утилитаризација на обредот и обредизација на работата / производството (лов, земјоделие, добивање и одржување на огнот, готвење храна, грнчарство, металургија, градежништво, изработка на прото-машини, војување). Семиотика на просторните артефакти: пештера, земјанка, куќа, град, гумно, храм, светилиште. Семиотика на статичните шупливи артефакти: садови, кошница, торба, ритон, кутија, сандак, печка, гробни објекти. Семиотика на мебелот и покуќнината: маса, столица, кревет, трон. Семиотика на динамичните артефакти: а) превозни средства (тркало, кола, пловни објекти, летала); б) рачни артефакти (орудија, оружје, алатки). Семиотика на артефактите наменети за дополнување на телото: накит, облека, воени оклопи за телото, инсигнии за телото. Семиотика на култни предмети: фетиш, жртвеник, идол, култна статуа, култна слика, музички инструменти, култни реквизити и инсигнии. Социолошки значења на артефактите. Значењето на артефактите во релација со еколошкото окружување на една култура. Семиотичка анализа на материјални археолошки наоди (методи, концепти и систем на имунизација).
Литература:
1. Н. Чаусидис, Македонските бронзи и религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан, Скопје: ЦИП, 2017.
2. Н. Чаусидис, „Обредот како трансмисија меѓу половите нагони и работата“, Миф 12, София, 2006.
3. Н. Чаусидис, Г. Николов, „Црепна и вршник (митолошко-семиотичка анализа)“, Studia mythologica Slavica 9, Ljubljana, 2006.
4. L. Mumford, Mit o mašini – tehnika i razvoj čovjeka, Zagreb: GZH, 1986.
5. M. Elijade, Kovači i alkemičari, Zagreb: GZH, 1983.
6. B. Olsen, Od predmeta do teksta (Teorijske perspektive arheoloških istraživanja), Beograd:
Geopoetika, 2002.