А508И/18: Секојдневниот живот во Хелада и Рим

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаV2+26

Наставник: д–р Весна Димовска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат способност да ја согледаат социјалната историја на старите Хелени и Римјани, корелициите на севкупната античка култура со културата на живеењето, како и компетенцци за толкување на суштината и значењето на специфичните институции, обичаи и организациски структури.

Содржина на предметната програма:

Раѓање и умирање; семејство; образование; живеалишта; начин на исхрана; облека; јавни простори; јавен живот (општествени должности на градското население, живот на село, забава и слободно врем); верувања, обреди и култови; фестивали. Овие теми ќе бидат обработувани и преку преводи на одбрани изворни текстови поврзани со секојдневниот живот.

Литература:

1. Фласелјер Р., Грција во времето на Перикле, AEA издавачи, 2002.

2. Carcopino J., Daily life in Ancient Rome: The People and the City on the Height of the Empire, 2003.

3. Димовска В., Пакет материјали (скрипта) за предметот Секојдневниот живот во Хелада и Рим, 2015.

4. Rodgers N., The Greek World: Ancient People and Places, Annes, 2010.

5. Хејмс С., Стари Рим, Књига комерц, 2006.

6. Veyne, P., L’Empire Romain, Historie de la vie Privée. Tome 1, 1985.

7. Garland R., Daily life of the Ancient Greeks, Greenwood Press, 2008.