%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bda-%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%b8-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0

Повик за Летнa Школа „Европско и балканско културно наследство“ 23-27.10.2023 година, Филозофски факултет, Белград

Различните национални култури на Балканот се силно поврзани со заедничките традиции и наследство. Размената на идеи, наративи, мотиви, обичаи, религиозни и општествени обрасци во историски и современ контекст формира заеднички културен простор кој е предмет на проучување на различни дисциплини од областа на општествените и хуманистичките науки. Како дел од
летната школа „Европско и балканско културно наследство“ на Филозофскиот факултет во Белград, студентите ќе имаат можност да истражуваат и критички да набљудуваат широк спектар на теми поврзани со културното наследство на Балканот од различни научни и стручни гледишта. Предавачи на Летната школа се професори од Филозофскиот факултет во Белград и од Филозофскиот факултет во Скопје, кои преку серија предавања и интерактивни работилници ќе ги запознаат студентите со различни дисциплински и национални перспективи и искуства. Учесниците на Летната школа ќе имаат можност да стекнат знаења за различни класични теоретски рамки и методологии за проучување на културното наследство од перспектива на археологијата, историјата на уметноста, филозофијата, социологијата, антропологијата, класиката и историјата, но и да се запознаат. со најважните актуелни академски дебати поврзани со студиите на култури на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на македонското и српското академско и практично искуство, но границите на знаењето се поставени пошироко во однос на овие два национални фокуси.

Учесници на Летната школа се студенти на додипломски студии, како и
магистранти и докторанти на Филозофскиот факултет во Скопје и Белград од сите студиски програми. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку е-пошта на iro@f.bg.ac.rs и summerschool@fzf.ukim.edu.mk најдоцна до 05 октомври 2023 година. Бројот на места е ограничен. Транспортот и сместувањето на студентите за потребите на летната школа ќе биде покриено од страна на двата факултети. Избраните студенти посетители на летната школа ќе добијат
сертификат за учество на Летна школа.

На наведената емаил адреса, кандидатите за Летната школа треба да достават:

– Лични податоци (име, презиме, година на раѓање);
– Назив на факултетот, студиската програма на која студентот е запишан, и година на запишување;
– Познавање на српски и англиски јазик (да се наведе дали кандидатот може да следи предавање и да учестввуа во дискусија на: а) српски јазик и б) англиски јазик);
– Куса мотивациона изјава (најмногу два пасоса во кои кандидатот ќе наведе зошто сака да улествува на Летната школа, кои би биле придобивките на кандидатот од посетата на Летната школа и сл.).

АГЕНДА

понеделник 23.10.2023.
17:00 Свечено отворање на Летната школа, обиколка на Факултетот
вторник 24.10.2023 год .
10:00-12:00 Меѓурелигиска и меѓуетничка (не)толеранција во контекст на
светската безбедност, проф. д-р Ратко Дуев
12:00-12:30 Кафе пауза
12:30-14:30 Заштита на нематеријалното културно наследство преку
неформално и формално образование проф. д-р Данијел Синани
15:00-16:00 Пауза за ручек
16:00-18:00 Како се сеќаваме на Југославија? Сликите на заедничката
држава во учебниците по историја проф. д-р Дубравка Стојановиќ
Среда 25.10.2023.
10:00-12:00 Подемот на револуцијата: Разбирање на раѓањето и растот на
раното христијанството, проф. д-р Ирена Теодора Весевска
12:00-12:30 Кафе пауза
12:30-14:30 Создавање заедничка визуелна култура на Балканот, проф. д-р
Ненад Макуљевиќ

15:00-16:00 Пауза за ручек
16:00-18:00 Римско наследство во Србија: Помеѓу професијата и јавноста,
проф. д-р Владимир Михајловиќ
19:00 Посета на Југословенска Кинотека
четврток 26.10.2023.
10:00-12:00 Културната меморија во македонското современо
интелектуално, идеолошко – политичко и јавно милје, проф. д-р Антоанела
Петковска
12:00-12:30 Кафе пауза
12:30-14:30 Другоста на Балканот, доц. д-р Наташа Јовановиќ
15:00-16:00 Пауза за ручек
16:00-18:00 „(Де)конструкција на културното наследство: убавина на
продажба“, проф. д-р. Иван Џепароски
Петок 27.10.2023.
10:00 Свечено затворање, доделување сертификати, обиколка на Народниот
музеј и Етнографскиот музеј во Белград

Повеќе информации на Македонски, Српски и Англиски јазик на следните линкови:

Летна школа „Европско и балканско културно наследство“
23-27.10.2023 година, Филозофски факултет, Белград

Летња школа „Европско и балканско културно наслеђе“
23-27.10.2023, Филозофски факултет, Београд

Summer School “European and Balkan cultural heritage”
23-27.10.2023, Faculty of Philosophy, Belgrade


Leave a Reply