Tуторството со студентите од ранливите
категории во високото образование
Научно-истражувачки проект финансиран од интегративните
средства на Универзитетот
Единица на УКИМ – носител на проектот: Филозофски
факултет – Скопје
Акроним: СТУ-ТОР (СТУдентско туТОРство)
Период на реализација: 12 месеци 2022 година
Учесници во истражувачкиот тим:
Главен истражувач: проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, Институт за
педагогија, Филозофски факултет
Членови на истражувачкиот тим
Истражувач: проф. д-р Наташа Ангелоска-Галевска, Институт за педагогија,
Филозофски факултет
Истражувач: проф. д-р Анета Баракоска, Институт за педагогија, Филозофски
факултет
Истражувач: проф. д-р Елена Ризова, Институт за педагогија, Филозофски
факултет
Проектот има за цел да пристапи кон подобрување на квалитетот на
образованието и образовните потреби на студентите од ранливите категории,
студентите со посебни образовни потреби, студентите со потешкотии во учењето и
Ромите како дел од овие категории.
Учеството во воннаставната поддршка за учење т.е. туторска работа, честопати е
поврзано со надеж за компензација на слабите достигнувања во учењето (во форма на
оценки или повратни информации од високообразовниот кадар) или за понатамошно
подобрување на постојните достигнувања во учењето.
Мотивите поврзани со пазарот на трудот, исто така можат да влијаат на
воведувањето на туторството со претпоставка дека дополнителната поддршка за учење
ја зголемува веројатноста за подобрување на квалификациите и со тоа ги подобрува
шансите на пазарот на трудот. Постојат и мотиви поврзани со системот на воспитание
и образование. Доколку студентите изгубат доверба во индивидуалната поддршка што
ја добиваат во текот на наставата, тие би можеле да се потпрат на воннаставната
поддршка како компензација на претходниот дефицит.
Во фокусот на овој научноистражувачки проект се пристапите, моделите и
ефектите од туторската работа со студентите од ранливите категории во соработка со
високообразовните институции, како дел од функционирањето и делувањето во едно
општество. Се испитуваат и перцепциите на студентите од ранливите категории во
однос на подобрувањето на нивното образование преку проектните активности.
Проектот треба да придонесе за развивање и имплементација на дополнителни
пристапи и методи кои ќе ги зголемат образовните можности на студентите од
ранливите категории.
Во земјите од Западна Европа концептот на туторство има многу подолга
традиција на примена во однос на нашата држава. Целта на овој научноистражувачки
проект е да ја докаже оправданоста и потребата од примена на туторството во високото
образование на студентите од ранливите категории. Идејата за ангажирање на тутори
во високообразовните институции често се поддржува и од страна на невладините
организации, што може да резултира со тимска работа и континуирано унапредување
на квалитетот на стручното знаење на студентите од ранливите категории, како и за
спроведување на програма базирана на меѓуинституционална поддршка.
Project name: Tutoring with students from vulnerable groups in higher
education
A scientific-research project financed by the integration funds of the University
Unit of UKIM – project holder: Faculty of Philosophy – Skopje
Acronym: STU-TOR (STUDENT TUTORING)
Implementation period: 12 months 2022
Participants in the research team:
Head researcher: prof. Dr. Elizabeta Tomevska-Ilievska, Institute of Pedagogy, Faculty of
Philosophy
Members of the research team
Researcher: prof. Dr. Natasa Angeloska-Galevska, Institute of Pedagogy, Faculty of
Philosophy
Researcher: prof. Dr. Aneta Barakoska, Institute of Pedagogy, Faculty of Philosophy
Researcher: prof. Dr. Elena Rizova, Institute of Pedagogy, Faculty of Philosophy
The project aims to improve the quality of education and educational needs, targeting
vulnerable students groups, students with special educational needs, students with learning
difficulties and Roma students as part of these categories.
Participation in extracurricular learning support, id est tutoring, is often associated
with the hope of compensating low learning achievement (in form of grades or feedback from
higher education staff) or with further improving existing learning achievement.
Labor market motives can also influence the use of tutoring if one assumes that additional
learning support increases the probability of improving qualifications andimproves labor
market chances. System-related motives are present as well. If students lose confidence in
individual support through the higher education process, they can rely on compensating the
lack of support in the learning environment by providing extracurricular support.
This scientific-research project is focused on the strategies, models and impact of
tutoring with students from vulnerable categories in the higher education institutions. We
will also examine the perceptions of students regarding their education and its improvement
as a result of the project activities This should contribute to development of additional
approaches and methods that are valuable in increasing the educational opportunities of
students from vulnerable categories.
The practice of tutoring has much longer tradition in the western European countries
than in our country.
The aim of this scientific-research project is to verify the justification and the
requirement for implementation of tutoring ofvulnerable students in the higher education.
The idea of hiring tutors in higher education institutions is often supported by NGOs, which
can decisively contribute to the creation of team work and implementation of an inter-
institutional support program for continuous improvement of the quality of professional
knowledge of vulnerablestudents.
Фотографии: http://fzf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/Слики-за-проект.docx
Photos: http://fzf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/Слики-за-проект.docx