Д-р Олга Мурџева-Шкариќ,
Проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ е родена во Кавадарци во 1944 година. Дипломирала на
катедрата за психологија на Филозофскиот факултет во Белград, магистрирала на Универзитетот
Париз 7, а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Била на студиски престој во повеќе
земји и учествувала на научни собири на сите континенти. Раководела со проекти на
меѓународните организации: УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП, ТЕМПУС, ОМЕП, ИПРА и други.
По дипломирањето (насока клиничка психологија), во текот на 1967/68 година во Париз, се
подвргнува на персонална психоанализа, посетува обуки за психодрама, проективни техники и
стажира кај клинички психолози. Од 1969 до 1972 работи како клинички психолог во
Психијатриската болница „Скопје“. Од 1973 до пензионирањето во 2010 година е вработена на
Филозофскиот факултет во Скопје.
Учествува во основањето на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје во
1974 година, и во негови рамки ги развива научните дисциплини Развојна психологија,
Психологија на родот, Психологија на мирот и трансформирање на конфликтите.
Основателка е и раководела со Балкански центар за проучување на мирот (БЦМ) при Филозофски
факултет во Скопје од 1993 година, а потоа и со специјалистичките и со постдипломските студии
по мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје (1997-2003).
Учествува во организирање на Центарот за женски студии при Сојузот на организациите на жените
на Македонија и ги предава курсевите Психологија на родот и Жените и културата на мирот
(1998 – 2000). При тој центар, како и при БЦМ и Институтот за психологија организира и учествува
во бројни работилници и обуки околу алтернативи на насилството, медијација и трансформирање
конфликти.
Од објавените книги на Олга Мурџева-Шкариќ да ги споменеме:
Која игра ја играш: Силеџија – жртва – сеирџија или другар? (прирачник), Либи – дел од Арс
Ламина, Скопје 2021
Психологија на стареењето (2020), Европа 92, Кочани
Психологија на детството и на адолесценцијата (2009 и 2011) , Филозофски факултет,
Скопје
Психологија на возрасните и на стареењето (2010), Филозофски факултет, Скопје
Ненасилна трансформација на конфликти (2007), Балкански центар за мир – Институт за
психологија – Филозофски факултет, Скопје
Развојна психологија (2004), Филозофски факултет, Скопје
Психологија на родот (2002) СОЖМ, Скопје
Женска визија (1997) СОЖМ, Скопје
Бебешки приказни (1990, 1991), Просветно дело, Скопје
Растеме и се развиваме (1990), Просветно дело, Скопје
Murdzeva-Skaric, O. (Ed.) (1987) Intercultural education/Education interculturell. Ohrid: OMEP
Има објавено повеќе написи во Годишниот зборник на Филозофски факултет – Скопје, во
списанието Просветно дело – Скопје, Годишник ИПСИ – Скопје, во рамки на
меѓународните организации OMEP, IPRA, UNICEF. Написите се од областа на развојна
психологија, психологија на родот, психологија на мирот, интеркултурализам, култура на
мирот и трансформирање конфликти.
Претседател на уредувачкиот одбор на Библиотека „МИР“ при Балкански центар за мир,
Филозофски факултет – Скопје 1995-2007. Повеќе текстови од стручната литература ги има
преведено од француски и од англиски јазик на македонски јазик.