- ivana.gegoska@fzf.ukim.edu.mk
М-р Ивана Гегоска
М-р Ивана Гегоска е родена 1991 година, Скопје, Република Северна Македонија. Во учебната 2019/2020 година се запишува на докторските студии на Универзитет „Свети Кирил и Методиj“, Скопје, Филозофски Факултет – Институт за социологија и студиите се е во тек. Во моментов, м-р Ивана Гегоска работи како асистент на Институтот за социологија, при Филозофскиот факултет во Скопје. М-р Ивана Гегоска, во текот на студирањето на прв циклус студии била стипендист на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Во 2013 година остварува студиско истражувачки престој на АГХ Универзитетот, Краков, Полска во соработка со Филозофски факултет, Институтот за социологија, Скопје. Во академска 2015/2016 (зимски и летен семестар) и академскка 2013-2014 година, (зимски семестар) била ангажирана како демонстратор на Институтот за социологија, Филозофски Факултет, Скопје. Во академска година 2016/2017 била анагжирана како тутор давајќи дополнителна академска помош на студентите Роми преку оддржување на индивидуални часови на туторот и студентот по договорен предмет, а активноста е дел од стратегијата на Ромите, во имплементација на Ромаверситас – Скопје (невладина организација) и партнерство на Филозфски факултет, во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методи, во Скопје. Во перидодот од 2017 (септември) до 2022 (септември) е анагажирана по договор на дело на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на позиција координатор на студиски програми. Во перидот од 2016 јануари – 2017 април била ангажирана на проект „Градење на професионалниот пристап – идентификација, упатување и асистенција на високо ризички случи помеѓу мигранитите и бегалците“,, во организација на невладината организација Отворена Порта – Ла Страда како стручен персонал. Одговорна за активности поврзани со детектирање на непридружувани малолетници, психо-социјална поддршка на загрозени лица, активности со деца, мајки и лица со попреченост, дневни извештаи, фокус групи, работа на терен, анализа и обработка на податоците во кампот за бегалци Вино – Југ Гевгелија и кампот за бегалци Табановце. Во периодот 2013 и 2014 година е член на научниот проект Спортски БОН – ТОН. 2013 (мај, септември, октомври). финансиран од страна на Ги Глобал, Претседателот на Република Македонија и Американската амбасада во Скопје. Во текот на студирањето има учествувано и на истражуваки проекти на терен. М-р Ивана Гегоска има посетувано обуки и семинари во функција на градење на професионалниот пристап и надоградување на вештините во областа на општествените истражувања и нејзино стручно усовршување, особено во мултикултурни и мултирелигиозни средини. Во периодот како студент на прв циклус студии, како и студент на втор и трет циклус студии има објавувано стручни и научни трудови, како автор и коавтор. Исто така, има учествувано и на релевантни настани на Филозофскиот факултет, како и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како Претседател на Организациски одбор ја организираше Првата и Втората Европска Конференција за религиски дијалог и соработка / First and Second European Conference for Religious Dialogue and Cooperation како и Првата Светска Конференција за религиски дијалог и соработка / First World Conference for Religious Dialogue and Cooperation.