- emil.dimitriev@fzf.ukim.edu.mk
М-р Емил Димитриев
М-р Емил Димитриев е роден 1979 година во Пробиштип, Република Северна Македонија. Во моментов е докторанд на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Филозофски факултет – Институт за социологија, стипендист на Германската фондација Конрад Аденауер. М-р Емил Димитриев работи како асистент на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје по предметите Социологија на политиката, Политички систем и Општа социологија. Магистрира 2022 година на Институтот за социологија, на тема – Компаративна анализа на Конвенции и Протоколи за превенција и спречување на организираниот криминал во РСМ и земјите од ЕУ ( Германија, Хрватска и Бугарија ). Од 2021 до 2023 година бил Советник на Меѓународниот Славјански Универзитет во Св. Николе, каде што е избран како стручњак од пракса на Факултетот за психологија. Во период од 2017 до 2020 година е Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Од јануари 2016 година до крај на мај 2017 година бил Претседател на Владата на Република Северна Македонија. Во период 2014 до 2016 година е избран за Пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2008 година до 2014 година е Заменик министер за одбрана. Во период од 2007 до 2008 година работеше како Раководител на општ сектор во ЈП ХС Злетовица во Пробиштип. М-р Емил Димитриев како автор и коавтор има објавувано стручни и научни трудови и учествувал на домашни и меѓународни конференции од областа на Политичката социологија, Социјалната патологија, Безбедност, Лидерство и др. Има објавено книга со наслов – Организираниот криминал континуитет на политичката агенда. За време на докторските студии, своето научно познавање го надградувал и на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Загреб. Посетувал обуки и курсеви од областа на комуникација со јавност, одбрана и безбедност, политичка кампања, човечки ресурси и сл. За време на студиите на непосредни избори бил биран на високи позиции во студенското организирање.