- 070 37 00 99
- вторник, 11:00–12:00 петок, 11:00–12:00
- oliver@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
д–р Оливер Бакрески
Оливер Бакрески е роден во с. Света, Демирхисарско (1971). Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал (1997), магистрирал (2002) и докторирал (2005) на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје. На Институтот за безбедност, одбрана и мир е редовен професор од 2014 година за научните области: интегрална безбедност, менаџмент-системи, политички системи, дипломатија и планирање на одбраната. Во рамките на наведените области проф. Бакрески реализира настава на прв циклус студии по предметите „Основи на безбедносниот менаџмент“, Демократска контрола на безбедносниот сектор“, „Приватна безбедност“, „Корпоративна безбедност“, Демократија и безбедност“, Планирање, програмирање и буџетирање“, „Воена дипломатија“. Бакрески реализира настава и на втор циклус студии по предметите „Менаџмент во безбедноста“ и „Корпорациски безбедносен систем“, a изведува настава на втор циклус студии и по предметот „Безбедносен менаџмент“ во Сараево. На трет циклус студии е ангажиран по предметот „Стратегиски проценки и безбедносно планирање“.
Д-р Оливер Бакрески учествувал на повеќе научни семинари, меѓународни конференции итн., а како најзначајни се издвојуваат: ExtendingSecurity Co-operation and Defence Arrangements in South-East Europe, Bucharest, Romania; Building a Strategic Community through Education and Research, Berlin, Germany; Integrated Training for Security Management, Nemenčinė, Lithuania; Interethnic Dialogue and Trans-Border Co-operation between Young Security Experts, Neum, BiH; Integrated Training for Peace Support and Security Management, Vilnius, Lithuania; Private Policing and Security – Relationships Between the Private and Pablic Sectors, Maribor, Slovenia; International Academic Conference, Istanbul, Turkey; International Academic Conference, Roma, Italy; International Conference, Zagreb, Croatia; International Academic Conference, Freiburg, Germany; International Academic Conference, Lisbon, Portugal; International Academic Conference, Prague, Czech Republic; International Scientific Conference, London UK; International Conference, Saraevo, BiH; International Conference, Rome, Italy; International Conference on Economics, Finance and Business, Barselona, Spain; International Conference on Economics, Finance & Business, Vienna, Austria итн. Бакрески остварил повеќе активности од поширок интерес, односно бил член на повеќе организациони или програмски одбори на меѓународни научни собири, конференции и списанија како: Informacijska varnost“, Ljubljana, 2013; „Društvena reakcija na savremene oblike ugrožavanja bezbjednosti, Banja Luka, 2013; Dnevi korporativne varnosti 2014“-Ljubljana 2014; „Odregenje, organizacija i djelatnosti subjekata nacionalnih sistema bezbjednosti, Banja Luka, 2014; Dani Kriznog Upravljanja – 8th Crisis Management Days, 2015, Velika Gorica, Croatia; International conference entitled Days of corporative security Ljubljana, 2015. Privatization of Security in the 21st Century: Experiences and Challenges”, Ohrid, 2016; Dani Kriznog Upravljanja – 10th Crisis Management Days, 2017, The Balkans Between East and West: Old and/or New Security Challenges, 2017, Macedonia, Dani Kriznog Upravljanja – 11th Crisis Management Days, 2018 Velika Gorica, Croatia, Urban Security- Enhancing Security in an Urbanized World, Ohrid 2018, XVIII Dani kriminalističkih nauka „Crimen, Forensis, Securitas, 2019, Saraevo, Dani Kriznog Upravljanja – 13th Crisis Management Days, 2020, Velika Gorica, Croatia; Međunarodni naučni skup, 2021, Novi Sad, Serbia, „Времени безбедносни бранувања или нова светска архитектура на безбедноста“, Дојран, 2023; XX Dane kriminalističkih nauka, Sarajevo, 2023, Безбједносни изазови, ризици и пријетње у процесу настајања новог свјетског поретка, Бања Лука, 2023 итн. Д-р Бакрески во неговата долгогодишна работа учествувал во реализирањето на повеќе научно-истражувачки проекти, а како најзначајни се издвојуваат: Фундаментални долгорочни интереси на Република Македонија, Македонска академија на науките и уметностите-МАНУ (учесник во истражувачкиот тим на проектот); Република Македонија и евроатлантските интеграции, МАНУ (учесник во истражувачкиот тим на проектот); Координација на безбедносната заедница во функција на зголемување на ефикасноста на безбедносниот систем на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, (раководител на проектот); Реформите и одбраната, Министерство за одбрана, (раководител на проектот); Правна рамка за обезбедување на критична инфраструктура, (раководител на проектот); Train Brain Soft Development of Standardized Corriculum and e-tool for soft skills for private security personnel, Project is funded by the European union, Erazmus+ (учесник во истражувачкиот тим на проектот); Довербата и перцепцијата на приватниот безбедносен сектор во Република Македонија низ призмата на граѓаните, медиумите и вработените, Комора за приватно обезбедување (учесник во проектот); Безбедност на информациите и критичната инфраструктура, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, 2021, (носител на проектот); Стратегиско планирање и безбедносни процени, 2023, Комора на РСМ за приватно обезбедување, (носител на проектот); SALUS- Digital System for Equal Access of Women to Leadership and Management Skills and Competences, project under the Erasmus+ Programme (учесник во проектот) „Отпорност и заштита на критичните субјекти во Европа РЕЦИШЕ 2024 финансиран од програма Интерег ИПА АДРИОН на Европската Унија, (учесник во проектот), Приватната безбедност во заштита на критичната инфраструктура, Комора на РСМ за приватно обезбедување (носител на проектот), Business Support organization-Champions Project USAID – Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување 2024, итн. Во дејности од поширок интерес Бакрески учествувал во повеќе комисии и тела на државни и други органи како: Комисијата за нострификација на дипломи (Министерство за образование и наука) 2011-2014 година, потоа бил Претседател на Комисијата за спроведување на стручен испит за приправници во јавните средни училишта (Министерство за образование и наука) мандат 2011-2012 година, учествувал во Стручниот совет на Комората за приватно обезбедување во неколку мандата и тоа: периодот од 2015-2020 година, 2020- 2024 година. Ја предводел работната група за изработка на Законот за безбедност на класифицирани информации во 2019 година, и работната група за подготовка на подзаконска регулатива во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации 2020 година. Учествувал и во работната група за изработка на стратегискиот документ „Одбранбена дипломатија“ во Министерството за одбрана 2023 година итн.
Д-р Оливер Бакрески бил Раководител на постдипломските студии по безбедност во два мандата (2007-2011 година) и (2011-2014 година), а ја извршувал и функцијата Раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир (2014-2017 година). Во периодот од 2017-2024 година во два мандата ја остварувал функцијата продекан за настава на Филозофскиот факултет. Моментално ја извршува функцијата декан на Филозофски факултет во Скопје.
Во рамките на афирмација на безбедносната научна мисла д-р Бакрески има практичен придонес преку учеството во уредувачката политика на списанието „Современа македонска одбрана“ во издание на Министерството за одбрана и во списанието „Безбедносни дијалози“, во издание на Филозофскиот факултет во Скопје, како член, како заменик на главниот уредник, но и како главен и одговорен уредник на списанието, а учествува и во уредувачкиот одбор на научното списание Civitas, Нови Сад.
Д-р Оливер Бакрески има објавено над 130 трудови од областа на безбедноста и одбраната и над 25 книги (учебници, учебни помагала, монографии и стручни книги).
Проф. д–р Оливер Бакрески изведува настава и вежби по следните предмети на првиот циклус студии:
На првиот циклус студии:
-
3
[Б804И/18; ПКБ501З/18; ] Корпоративна безбедност
-
4
[Б704И/18; ПКБ302З/18; ] Приватна безбедност
На вториот циклус студии:
-
1
Корпорациски безбедносен систем
-
2
Менаџмент во безбедноста
-
3
Безбедносно планирање
-
4
Демократска контрола и надзор над разузнавачко-безбедносната заедница
-
5
Надворешна и безбедносна политика
-
6
Планирање и процена на ризици во компаниите
-
7
Современи безбедносни системи
На третиот циклус студии:
-
1
Стратегиско планирање и безбедносни процени
Селектирана библиографија
А. Печатени книги во последните пет години:
Заштита на критична инфраструктура, (коавтор), 2017
Безбедноста низ призмата на приватната безбедност (коавтор) 2018
Безбедносни системи – компаративна анализа, 2018
Contemprorary Concept of Corporate Security, Monograph, Belgrade, 2018 (дел од монографија)
Приватен безбедносен сектор во ЈИЕ, (коавтор), 2019
Безбедноста на информациите и критичната инфраструктура (коавтор) 2021
Дипломатијата и безбедноста (коавтор), 2021
Book of Commentaries on the Law on Classified Information, DCAF – Geneva Center for Security Sector Governance, Geneva, Switzerland, 2021
Б. Дел од печатени научни трудови во последните 7 години:
Oliver Bakreski, (co-author), The Role of Security Sector Against Human Trafficking in the Republic of Macedonia, International Academic Conference, Istanbul, 2014.
Oliver Bakreski, (co-author), Collective Security – The Role of International Organizations – Implications in International Security Order, Mediterranean Journal of Social Sciences, MCSER Publishing, Rome-Italy/2014.
Oliver Bakreski, (co-author), Organization and Functioning of the Security Sector of the Republic of Macedonia in Contemporary Conditions, International Scientific Conference: Banja Luka, 2014.
Oliver Bakreski, (co-author), “Security of Classified Information as Part of the National Critical Infrastructure Protection: Macedonian Experience”, Series NATO Science for Peace and Security Series – D: Information and Communication Security, Ebook Volume 39: Comprehensive Approach as “Sine Qua Non” for Critical Infrastructure Protection, 2015.
Oliver Bakreski (author), Legal Basis for Regulation of the Private Security in the Republic of Macedonia, Journal: Security Dialogues, Issue Year: 7/2016.
Oliver Bakreski (co-author), The Security Dilemmas of the Balkan States on the Refugee Transit Route: Closed or Channeled Borders? BEZPEČNOSTNÉ FÓRUM 2016, II.Volume, Zborník vedeckých prác / Banská Bystrica, Slovakia, 2016.
Oliver Bakreski, (co-author), Regulating Private Security in the Republic of Macedonia, Contemporary Macedonian Defence, Skopje, June, 2016.
Oliver Bakreski, (co-author), Quantitative Analysis of Risk Assessment Auditing, Oditor, Beograd, Vol II, No. 3/2016.
Oliver Bakreski, (author), Private Security Through the Prism of Private Security Development Strategy in the Republic of Macedonia, Journal: Security Dialogues, Issue Year: 8/2017.
Oliver Bakreski, (co-author), The Balkans as a Prominent Point for Human Smuggling Networks, Humanities and Social Sciences Review, Freiburg, Germany, 2017.
Oliver Bakreski, (co-author), Vulnerability Indicators in the Context of Urban Security, International Academic Conference, Beograd, 2017.
Oliver Bakreski, (co-author), The Agricultural Products – Market Structure in South-East Europe, Economics of Agricultur, Journal is indexed and abstracted in Emerging Sources Citation Index, The Balkan Scientific Association of Agrarian Economists, Belgrade and Academy of Economic Studies, Bucharest Romania, 2018.
Oliver Bakreski, (co-author), Whistle Blowing-way to Curb Corruption in Balkan Eu Candida te Countries, Humanities and Social Sciences Review, Freiburg, Germany, 2018.
Oliver Bakreski, (author), Public and Private Security in the Republic of Macedonia: Cooperation and Partnership in the Security Risk Management, Journal: Security Dialogues, Issue Year: 9/2018.
Oliver Bakreski, (co-author), Abuse of Cyber Space in the Election Process as a Global Political and Security Threat, Kriminalističke teme Zbornik radova Godina XIX, Broj 5, Saraevo, 2019.
Oliver Bakreski, (author), The role of private security in the protection of critical infrastructure in urban areas, Journal: Security Dialogues, Issue Year: 10/2019.
Oliver Bakreski, (co-author), Theoretic Framework and Practical Implementation, International Scientific Conference, Ohrid, 2020.
Oliver Bakreski, (co-author), Critical Infrastructure Protection – Sectoral Approach, 13th International Scientific and Professional Conference ”Crisis Management Days’, Zagreb Croatia, 2020.
Oliver Bakreski, (co-author), Private Security in the Republic of North Macedonia, International Scientific Conference, Lisbon Portugal, 2020.
Oliver Bakreski, (co-author), Planning and Budgeting Process in the Security Sector, International Scientific Conference, Prague, Czech Republic, 2021.