д–р Ванчо Ѓорѓиев

Редовен професор

Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев е роден на 19.04.1964 година во с. Ново Коњарево, Струмичко. Дипломирал на Институт за историја при филозофскиот факултет – Скопје (1989). Магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема: „Петар Поп Арсов. Прилог кон македонското национално ослободително движење“. Докторирал во 2002 година на тема „Македонското револуционерно национално ослободително движење во Солунскиот вилает (1893-1903“. На Филозофскиот факулет во Скопје се вработил во 1992 година, како помлад асистент, во 1995 година е избран за асистент, во 2002 година е избран во доцент, во 2007 година за вонреден професор, а во 2012 за редовен професор.

Во меѓувреме во периодот 1996-2001 година, како надворешен соработник изведувал настава и на Воената академија „Генерал Михало Апостолски“. Во периодот 1999-2000 година бил потсекретар во Министерствто за образование на Република Македонија.

Како најдобар студент на генерацијата (1989) добитник е на „Манинговата награда“. Во 2004 година ја добива наградата „Гоце Делчев“ која се доделува како „општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македониа од областа на науката“. Добитник е на повеќе благодарници и пофалници од граѓански здруженија во земјава и странство, како и од летни школи.

Бил член на повеќе организациски и издавачки одбори за одбележување на значајни јубилеи, годишнини и други научни собири; претседател на комисијата за историја за наставни програми при Бирото за образование на Р. Македонија; претседател на комисијата за матурски испити при Државниот испитен центар; член и главен уредник на редакцијата на списанието „Историја“; член на редакцијата на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет – Скопје; член на мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија; раководител на Институт за историја во два мандати.

Аматерски се занимава со пчеларење и планинарење.

Истражувачи интереси:македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XX век; македонското прашање во политиката на балканските држави и големите сили; надворешните пропаганди во Македонија; економска и урбана историја.

Проф. д–р Ванчо Георгиев изведува настава и вежби по предметите:

На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
  • 1

    [И4013/19] Методологија

  • 2

    [И1063/19] Македонското револуционерно националноослободително движење до 1913

  • 3

    [И151И/19; И291/19] Македонското нациоалноослободително движење низ документи

  • 4

    [И252И/19] Македонија во политиката на големите сили и балканските држави;

На третиот циклус студии:
  • 1

    Извори и историографија

  • 2

    Проблеми од политичката историја

  • 3

    Големите сили, Балканот и Македонија

  • 4

    Историја на Македонија во 19 и почетокот на 20 век

  • 5

    Македонската револуционерна борба 1893-1913



Библиографија

Монографии:

ВМРО 1904-1908. Поглед низ документи. Тримакс – Филозофски факулет, Скопје 2020. (624 стр.)

Андон Јанев Ќосето, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2016, (269 стр.)

Трајко Китанчев, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2015, (253 стр.)

Анастас Лозанчев, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2014, (283 стр.)

Апостол Петков. Кралот на блатото. Државен архив на Р. Македонија – Македонска Литера, Скопје 2013, ( 315 стр.)

ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи. Матица Македонска, Скопје 2013, (507 стр.).

Подземната република. Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс – Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2011, (второ издание), ( 507 стр.)

Подземната република. Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс – Филозофски факултет – Скопје, Скопје, 2010. (507 стр. ). второ издание: Скопје, 2011, (507 стр. ).

Вардарски (Петар Поп Арсов), Стамболовштинта во Македонија и нејзините претставници, (превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев), Табернакул, Скопје 2006, (124 стр.)

Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во солунскиот вилает (1893-1903), Табернакул – Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2003, (578 стр. ).

Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското национално-ослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997, (199 стр. ).

Делови од книги:

The stuggle for the autonomy of Macedonia and for the creation of a Macedonian state (1893-1912). The creation of the modern Macedonian state, Македоника литера, Скопје 2016, (67-131 стр).

Илинденското востание 1903. Востанијата во Македонија, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2015, (219-244, стр.).

Врховистичката востаничка провокација 1902. Востанијата во Македонија, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2015, (201-217, стр.).

Четничката акција на Македонскиот комитет 1895, Востанијата во Македонија, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2015, (177-188, стр.).

Карпошовото востание 1689, Востанијата во Македонија, Филозофски факултет – Скопје, Скопје 2015, (81-94, стр.).

Борбата за автономија на Македонија и за создавање на македонска држава (1893-192). Создавањето на современата македонска држава, Македонска Реч – Македоника Литера, Скопје 2014, (43-78 стр.).

Андон Ќосето – Спомени, (кон изданието. проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев), Скопје 2014

Македонија во Османлискиот период. Македонија. Милениумски културно-историски факти, т. 4, Медиа принт Македонија – Универзитет Евро-Балкан, Скопје 2013, (1869-1955 стр.).

Хемиската и сродни индустрии во Македонија до 1912 година. 100 години прехрамбена, текстилна, хемиска и металуршка индустрија во Македонија, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија, Скопје 2009, (37-71 стр.)

Димитар Димески, Некои аспекти на македонската национално-ослободителна борба во Прилепскиот регион (1895-1944), Матица Македонска, Скопје 2007, (Приредил и поговор: д-р Ванчо Ѓорѓиев)

Коавтор на учебници и учебни помагала:

Историја за VI Одделение, МОН на Р. Македонија, Скопје 2011;

Историски атлас, Тримакс, Скопје 2009;

Работна тетратка со избор на текстови за историја за седмо одделение, Табернакул, Скопје 2005;

Историја за седмо одделение, Табернакул, Скопје, 2005;

Историја за петто одделение, Табернакул, Скопје, 2005;

Историја за II година реформирано гимназиско образование, Табернакул, Скопје 2002;

Историја за V одделение, Табернакул, Скопје 2001;

Трудови во научно-стручни списанија и зборници на трудови од научни симпозиуми, конференции и друго:

Vančo Gjorgiev, Voislav Sarakinski, The many nationalites of Hristofor Zefarović, Analele Universităţii „Ovidius” Constanța – Seria Istorie, Volumul 16, 2019;

Voјislav Sarakinski – Vančo Gjorgiev: Sur quelques problèmes de la toponymie macеdonienne, Ziva antika, 67 god. Skopje 2017;

Забранетото име, Просветно дело, Списание за теорија и практика, LXXI/2, Skopje 2018;

Повторно за Орбелос. Прилог кон топонимијата на античка Македонија, Музејски летопис, (коавтор), Зборник на трудови по повод 65 години „Завод и Музеј – Струмица“, Струмица 2017;

Забранетото име. 70 години институ за историја, 70 години македонска историографија, Зборник на трудови од научната конфренција одржана на 13 и 14 декември 2016 во Скопје, Филозофски факултет Скопје, Скопје 2017.

Поздравно обраќање на проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, раководител на Институтот за историја, Зб. 70 години Институт за историја – 70 години македонска историографија, Зборник на трудови од научната конфренција одржана на 13 и 14 декември 2016 во Скопје, Филозофски факултет Скопје, Скопје 2017.

Афирмација на македонската борба и идеја за автономија на Македонија пред Мирцштегските мандатори. Зб. Освободителните борби на Македония от Източната криза до Балканските войни / Ослободителните борби на Македонија од Источната криза до Балканските војни, БАН, София 2016, Бугарија.

Vančo Gjorjiev, Bulgaria, for or the Ilinden Uprsing, ГИНИ, 59/1-2, Скопје 2015;

Uspostavljanje paralelnog sistema Unutarnje Makedonske Revolucionarne Organizacija (VMRO) 1893-1908, Almanah 63-64, Zb. Sto godina od odlaska osmanlija sa Balkana. Okupacija ili civilizacija? kn. IV, Podgorica 2014;

Прашањето за амнестија на водачите од Илинденското востание, ГИНИ, г. 57/1-2, Скопје 2013;

Бугарија „за“ или „против“ одлуката за востание во Македонија во 1903 година, Зброрник на трудови. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, Струмица 2014;

Струмица и Струмичко во Балканските војни – поглед низ дневници и спомени, Зб. Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешткиот мировен договор, Струмица 2013;

Реформи за мир или одлагање на конфликтот, Зб, Сто години од Балканските војни (прилози од научниот собир одржан на 3-4 декември 2012 година, МАНУ, Скопје 2013;

Солунската провала на ТМОРО во 1901 година, ГИНИ, год. 55/1-2, Скопје 2011;

Битка за гробишта – бизарноста на пропагандите во Македонија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кн. 70, Скопје 2011;

A battle for the graves: the absurdity of the propaganda in Macedonia, Macedoninan Historical Review 2, Skopje 2011;

Заложништвото на Даме Груев кај просрпскиот војвода Мицко, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кн. 69, Скопје 2010;

Бугарски сведоштва за македонскиот идентитет од крајот на XIX и почетокот на XX век. Зб. Македонскиот идентитет низ историјата, (материјали од меѓунеродниот научен собир одржан по повод 60 години од основањето на Институтот за национална историја – Скопје 10-12 декември 2008), Скопје 2010;

Односите помеѓу бугарската влада и ТМОРО (1896-1898), Зб. Македонија и соседите, зборник на трудови од меѓународната научна конференција „Македонија и соседите“одржана 8-9.XII. 2006, Скопје 2010;

Неофицијални ставови од официјални бугарски личности и институции за македонскиот идентитет од крајот на XIX и почетокот на XX век, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кн. 62, Скопје 2009;

Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, (43 одредници);

Последиците за ТМОРО во Струмичко од активноста на месниот комитет во Ново Село (1901-1902), Историја XLIV/1-2, Скопје 2008;

Новоселските афери – провали во Струмичко 1901-1902 година, Зб. Струмица и Струмичко ( Историја, култура, традиција), Струмица 2008;

Револуционерната идеја и дејност на Дамјан Груев до формирањето на МРО (1890-1893), Годишен зборник на Филозофскиот факултет ма Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скоје, кн. 61, Скопје 2008;

Унијатството во Македонија и Димитар Поп Георгиев Беровски, Историја XLIII/1-2, Скопје 2007;

Односите помеѓу ТМОРО и бугарската влада на Константин Стоилов (1896-1908), Годишен зборник на Филозофскиот факултет ма Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скоје, кн. 60, Скопје 2007;

Димитар Поп Георгиев Беровски и унијатството. Зб. Малеш 100 години по Димитар Поп Георгиев Беровски, (минато, сегашност, иднина). Берово 2007;

Нови моменти од животот и дејноста на Дамјан Груев, Зб. Дамјан Груев (1871-1906)- сто години он неговата смрт (1906-2006), Скопје 2007;

Благој Стоичковски, Преписката на Никола Киров Мајски, ИНИ, Скопје 2005 (приказ);

Јане Сандански и посебноста на Македонија и Македонците, Зб. Јане Сандански и македонското ослободително дело, МАНУ, Скопје 2007;

Некои нови моменти од живото и дејноста на Дамјан Груев, Историја XLII/1-2, Скопје 2006;

Струмичкиот окружен конгрес на ТМОРО од 1904 година, Историја, XLI/1-2, Skopje 2005;

Автономијата – тактика или цел на МРО, Зб: 100 години Илинден 1903-2003 (прилози од научниот собир оддржан на 6-8 мај 2003, т. I, МАНУ, Скопје 2005;

Димитар Димески. In memoriam, Историја, год. 40/1-2, Скопје 2004;

Солунскиот конгрес на ТМОРО од 1903 година и прашањето за востание, Историја, год. 40/1-2, Скопје 2004;

Востанието 1903 година во Серскиот револуционерен опкруг, ГИНИ, год. 47/1-2, Скопје 2003;

Солунските атентати, Историја XXXIX/1-2, Скопје 2003;

Аферата Мис Стон, Историја XXXVIII/1-2, Скопје 2002;

Проекциите на II политичкато одделение за перспективната политика на Бугарија кон Македонија и ВМОРО од 1906 година. ЗБ. България, Българите и техните съседи през вековете, Универзитетско издателство „Св. Св. Кирил и Методий, Велико Трново 2001;

Состојбите во наставата по историја во Република Македонија 1991-2000 година, Историја XXXVI/1-2, Скопје 2000;

Ванче Стојчев, Бугарскиот окупациски систем во Македонија 1941-1944, Скопје 1996 (приказ), Историја XXXIV- XXXV/1-4, Скопје 1998/99;

Бугарски документ од 1906 година за сосотојбата во Македонија и ВМОРО и бугарската политика кон нив, Историја XXXIII/1-2, Скопје 1997;

Политиката на Бугарија кон Македонија и ВМОРО 1904-1906, Историја XXXIV- XXXV/1-4, Скопје 1998/99.

Ѓорче Петров во делата на Љубен Лапе, Зб. Љубен Лапе – живот и дело (материјали од научниот собир одржан на 14 декември 1995 по повод 10 годишнината од смртта на академикот), Скопје 1997;

МРО во учебниците за основно и средно образование. Актуелни проблеми во македонската историографија и наставата по историја, Сојуз на историчарите на Македонија, Скопје 1996;

Вивчения істориіі Македоніі на післядипломих студіях кафедрі історичних наук філософсъкого иніверситету Кирила та Мефодиія, м. Скопе (1972-1982), Система непреревноі освіти: Здобутки, пошуки, проблеми, Чернівці 1966;

Виничката афера и Петар Поп Арсов, ГИНИ, бр.1-2, Скопје 1995;

Обидот на Петар Поп Арсов да го попречи продорот на на српската пропаганда во Азот во 1895 година, Историја XXXVIII/1-2, Скопје 1992;

Прилог кон библиографијата за Петар Поп Арсов, Историја XXXVIII/1-2, Скопје 1992;

Улогата на Петар Поп Арсов во покренувањето на весникот „Македонија“ – Орган на комитетот за Автономна Македонија, ГИНИ, XXXIV/1-2, Skopje 1990;

Апелот на Македонскиот таен револуционерен комитет од 1898 година, ГИНИ, XXXV/1-2, Скопје 1991.