д–р Андрија Лаинович
Рожба на нашиот револуционерен век (роден е на 8 ноември 1903 во Грахово). Во 1923/24 се запишал на Филозофскиот факултет во Белград — група историја; компаративна литература и француски јазик, идната 1924/25 ja поминал во Париз на Сорбона каде што следел предавања од историја, литература и француски јазик и истовремено ги добил своите први сознанија од марксистичката филозофија, станувајќи член на студентскиот антифашистички сојуз (Alliance defensive des étudiants antifacicte). Идната 1926/27 год. станал член на марксистичкиот клуб „Прогрес“ на Универзитетот во Белград. Од 1927 работел како професор на Вишата гимназија во Подгорица (Титоград), но поради учеството во познатите политички демонстрации од 18 февруари 1935 год. бил преместен во Ливно, а во октомври истата година во Никшиќ, каде службува до 1940 год. Во почетокот на војната бил директор на нижата гимназија во Бијело Поље, потоа во Беране (Иванград), а од јули 1943 до октомври 1944 е без работа и заминал во Банат, каде ќе престојува до 1948 год. Најпрвин работел како просветен референт во Командата на местото во село Лазарево, потоа како професор во нижата гимназија „Јаша Томик’, директор во Српска Црња и Волошиново (Нови Бечеј). Од мај 1948 до 1959 повторно работи во Црна Гора, во Цетиње како професор во средното партиско школо, виша педагошка школа, бил инспектор во Министерството за просвета. Во 1956/57 директор на новоформираниот Завод за унапредување на школството во Титоград и во 1957/58 година бил директор на Институтот за историја на HP Црна Гора. Паралелно со овие сериозни ангажирања кои бараат цел човек, проф. д-р Андрија Лаиновиќ, не престанува да пишува и да се усовршува. Во јули-август 1951 година го следи меѓународииот семинар на историчарите организиран од YHECKO во градот Севр (Франција). Во 1954/55 истражува во париските архиви за неговата дисертација на тема: „Француското политичко влијание во Црна Гора од 1853—1860 година“ (L’influence de la politique française en Montenegro de 1853 â 1860) кoja ќе ja одбрани на Сорбона, идната година. За својата работа и научните и педагогики достигнувања добил повеќе признанија: Орден на трудот 3 ред, плакети по повод триесетгодишнината од формирањето на Филозофскиот факултет и Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, како и бројни пофалници и благодарници. Историската наука на Македонија и Сојузот на друштвата на историчарите на CP Македонија, оддавајќи му признание за долгогодишната плодна работа и големиот придонес, му го посвети вториот број на деветнаесеттото годиште (1983) на списанието „Историја”, по повод неговата осумдесетгодишнина од животот. Случајот сакаше својот пребогат животен век да го започне во годината на Илинденската епопеја и да го заврши во слободна Македонија.