Институт за историја

Академик Љубен Лапе

Професорот Љубен Лапе беше виден македонски академик, научник, педагог и општественик. Неговата биографија започнува во Прилеп на 11 октомври 1910 година, пред згинувањето на османската империја. Тој и припаѓа на генерацијата македонска интелигенција која созрева во предвечерието на Втората светска војна. Основно и средно образование завршил во Прилеп и Битола. Афинитетите кон историската наука и љубовта кон својот народ го одвела на Белградскиот Филозофски факултет, каде дипломирал во 1936 година. За време на окупацијата бил поставен за професор во Струмичката гимназија, а потоа префрлен во Бугарија. Поради подршката на НОБр како и поради евидентната борбена актива на брат му Владо Лепенец-Кордата, Љубен Лапе бил под смотра на бугарската полиција и на крајот тоа го одвело во бугарскиот концентрационен логор „Чучулигово“. Вториот најрелевантен дел од неговата животна сторија е сврзан со четириесетгодишниот слободен развој и растеж на нашата заедница. Тому тогаш доаѓа до израз и блеснува со максимална светлина во наставната, научната и културната свера. Во (1946) станува член на Матичната комисија за основање на Филозофскиот факултет во Скопје. Во (1946) бил избран за предавач, (1949) доцент, (1957) вонреден професор и (1964) редовен професор. Во периодот (1952-1956) бил директор на ИНИ, неколку пати бил шеф на Катедрата по историја. Во (1972) дописен член, а (1976) редовен член на МАНУ. Неговиот научен опус го красат на 200 библиографски единици. Во фокусот на неговиот научен интерес беше македонската историја, а главна преокупација историскиот развиток на македонскиот народ во XVIII, XIX и XX век. Професорот Љубен Лапе е добитник на многу награди и одликуван е со Орден заслуги за народ од II ред, со Орден на трудот II ред, со Ленниновиот спомен-медал од Президениумот на Врховниот совет на СССР, како и Орден на Републиката со златен венец (1978). Сето тоа претставува јавна општествена верификација на високите дострели на академикот Љубен Лапе на научно, педагошко и општествено поле. Тоа говори за длабоко осмислен животен пат и крупно дело достојно за респект.