д–р Коста Аџиевски
Проф. д-р Коста Аџиевски- доктор по историски науки, редовен професор на Институтот за историјам. Роден е во С. Елевци, Дебарско (1943), основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Групата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968), магистерски студии по византологија завршил на Филозофскиот факултет во Велград (1976), каде што и докторирал (1990). На Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје е стажант (1970-1972), асистент по Историја на Византија (1972-1978), предавач (1978-1990), доцент (1990-1995), вонреден професор (1995-2000) и редовен професор (од 2000). Предава Општа историја на стариот век (1978-1984), Општа историја на средниот век (од 1984) и Историја на балканските народи-среден век (од 1996). Наставник е на последипломски студии при Институтот за историја, како и на последипломските студии по етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Бил раководител на Инстутот за историја (2001-2005), раковотел на Советот на последипломски (1999-2001), раководител на Одделението за античка и средновековна историја при ИНИ “Гласник” (1999-2004), член на редакцијата на Македонскиот историски речник, член на Републичкиот педагошки совет, како и на повеќе комисии за изготвување на наставни програми по предметот Историја за основно и средното образование. Автор е на преку 50 научни и стручни трудови цитирани во нашата земја и во странство. Коавтор е на повеќе учебници по историја и историски читанки за основното и средното образование.