Институт за историја

д–р Методија Соколоски

Професорот Методија Соколоски е роден во Прилеп во 1913 година. Основното образование и VI клас гимназија ги завршил во родниот град, а VII и VIII со матура во Битола, поради затворањето на вишите класови на Прилепската гимназија во Кралството. Познавањето на турскиот јазик – кого го совладал во игрите со децата од турска народност во реонот во којшто живеел во родниот град – и неговата голема желба да ги проширо своите знаења, го довеле на студии на Филозофскиот факултет во Белград на групата за ориентална филологија со национална историја. Поради вклучување во реовите на студентската младина во Прилеп и Белград и борбата за посветла иднина на нашите народи и земјата, марксистичките идеи и стремежите на нашиот народ за национална слобода и социјална правда, стоечки ги издржувал притисоците и апсењата од народниот режим во бивша Југославија и страшните малтретирања во бугарските затвори и отпуштањето од државната служба во 1943 година. По ослободувањто се вклучил во обновата и изградбата на нашата земја. Од 1949 до 1951 година бил редовен слушател на Институтот за општествени науки во Белград. По завршувањето на студиите бил назначен за директор на Институтот за национална историја и на покана од Филозофскиот факултет во Скопје организирал настава по турски јазик и османска палелологија. На факултето е избран за доцент, вонреден и редовен професор. Од 1951 година до неговото пензионирање во 1978 година. Истражувал во архивот на Претседателството на турската влада во Цариград, специјализирал во Високата школа на источни јазици во Париз како стипендист на француската влада. Неколку пати прстојувал и истражувал во Цариград и Анкара каде микрофилмувал архивска документација за историјата на Македонија од периодот на осмалиската власт од XV и XVI век. Како резултат на тоа ги подготви и објави првиот том едиција „Турски документи за историјата на македонскиот народ од 1607-1629 година“ во издание на архивот на Македонија и во соработка со уште тројца преведувачи., додека вториот том го објави сам за периодот 1636-1639 година. Од капитално значење се и преводите со коментарите што ги направи Соколоски во пет волуминозни томови чиј материјал се однесува на турските дефтери во XV и XVI век во Македонија. Потоа следуваа бројни статии презентирани на меѓународни научни симпозиуми, конгреси. Одликуван е со повеќе општествени признанија и добитник е на наградата „13 ноември“ од областа на науката. По долго боледувае на 24. Октомври 1984 година по долго боледување згасна животот на професорот Соколоски. Оттука неговиот светол лик ќе биде инспиративен пример за она за што тој се залагал, борел и постигнал, оставил трајни траги со својот научен опус.