д–р Светозар Наумовски
Професорот Светозар Наумовски е роден на 27 јуни 1944 година во револуционерното струшко село Таш-Маруништа. Средното образование го завршил во градот на Миладиновци, а високото (Филозофски факултет, група историја) во македонската метропола во Скопје на 28 јуни 1969 година. Во (1977) се запишал на последипломските студии по историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирал (1981) на тема. „Револуционерната дејност на Кузман Јосифовски-Питу“. Во (1983) пријавил тема за докторка дисертација а во (1987) ја одбранил на тема: 2Напреддното учителство во Вардарска Македонија меѓу двете Светски војни“. Прфесорот беше еминентен педагог, методичар, сакан и ценет професор. Уште како средношколски професор се здоби со звањето „истакнат педагошки работник“ од страна на Педагошкиот совет на Република Македонија. Беше член на ДНУ-Битола, член на Претседателството на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија, кандидат за член на списанието „Историја“, како заменик раководител на Институтот за историја. Учесник е на повеќе научни собири. Неговиот научен опус го красат бројни прилози од поновата македонска историја, како и од областа на методиката на наставата по историја. Воедно е и автор на бројни учебници по историја за основно и средно образование. Беше пристапен и несебичен. Секогаш отворен за својата околина, принципиелен и енергичен. Како таков беше мошне омилен кај колегите и студентите.