д–р Михајло Миноски
Професорот д-р Михајло Миноски роден на 18 октомври 1938 година во с. Долгаец, Прилепско. Завршил средно образование гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп. Студии на Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за историја. Магистрирал на истиот факултет и се стекнал со звање магистер на историски науки. Докторирал на Филозофскиот л во Белград и се стекнал со звањето д-р на историски науки. На филозофскиот факултет ги предавал предметите: Историја на југословенските народи нов век и Историја на балканските народи нов век на додипломските и постдипломските студии. Бил избиран во сите наставно – научни звања: доцент, вонреден професор и редовен професор. Бил раководител на Институтот за историја и на Советот за постдипломските студии. Ментор на магистранти и докторанди, член и претседател на комисии за одбрана на магистерски трудови и докторски дисертации. Член и раководител на тимови на научноистражувачки проекти на филозофскиот факултет, на Државниот архив на Република Македонија и МАНУ и извршувал научноистражувачка дејност во реализацијата на истите. Бил член на Советот на Институтот за национална историја и на Советот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. Објавил над 200 научни трудови (од кои 20 монографски трудови и зборници на документи) за историјата на македонскиот народ: за македонската борба за самостојност и создавање независна држава Македонија, Македонија и македонското прашање во меѓународните односи во 19 и 20 век, политиката на европските Големи сили и на балканските држави спрема Македонија и македонското прашање. За особени постигнувањата во образованието и науката е добитник на највисоката државна награда во Република Македонија „11 октомври“.