д–р Методија Манојловски

Професорот Методија Манојловски е роден во с. Кичиница, Гостиварско 1947 година. Основно и средно образование завршил во Гостивар. Дипломирал 1970 година на Групата за историја на Филозофски факултет во Скопје. Во 1977/78 годинабил на петмесечен престој во ГДР. Магистрирал во 1991 година и докторирал во 2000 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Асистент бил од 1973 година, изведувал настава по Историја на народите на Југославија – нов век, Историја на балканските народи – најнов век и Историја на македонскиот народ на Институтот за историја на уметноста со археологија. За доцент бил избран во 2001 година и вонреден професор во 2006 година. Бил ангажиран и на последипломски студии на Институтот за историја. Од 2005 година бил раководител на Институтот за историја, додека од 2004 година е главвен и одговорен уредник на списанието „Историја“. Во научниот опус има повеќе научни и стручни трудови. Вклучен бил во повеќе комисии при министерство за образование и наука.