д–р Драган Велков
Професорот Драган Велков е роден на 27 октомври 1948 година во с. Рудари, Пробиштипско. Основно и средно образование завршува во Пробиштип. Своите студии на Филозофскиот факултет во Скопје ги започнал во учебната 1968/69 година. Дипломирл на Групата за историја во учебната 1972/73 година. Веднаш се вработува како стажант на Филозофскиот факултет во Скопје. Во (1975) е избран за помлад асистент, а во (1978) за асистент по предметот Историја на народите и народностите на Југославија – нов век. Во (1980) магистрира под наслов: „Политиката на Кралството Србија и Македонија“. Во (1984) е унапреден во звање предавач. Во (1982) ја одбранил својата докторска дисертација под наслов: „Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО (1893-1905)“. Членувал во Одбори и Совети, посебно се истакнал како секретар на Редакцијата на списанието „Историја“ во два мандати (1975-1979). Со неговата смрт во (1985) на Пушкинова возраст, токму пред процутот на своите наставно-научни квалитети. Се срушила неговата перспектива, згаснала неговата надареност, ја покосила неговата младост и грубо го пресекла неговиот трасиран од кон наставно-научните светлини.