Институт за историја

д–р Димитар Димески

Професорот Димитар Димески е роден на 28 септември 1940 година во Прилеп, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје (1964). Од 1966 година започнал да работи како асистент, докторирал (1979) и истата година е избран за доцент, додека во 1985 година за вонреден професор. Во 1990 година е избран за редовен професор. Професорот Димески е автор на повеќе од 200 библиографски единици. Во оваа бројка влегуваат и монографии. Негова прва капитална монографија „Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903)“ е објавена во 1981 година. Професорот Димески е добитник на наградата „Гоце Делчев“ како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. Автор е на бројни научни прилози објавени во бројни списанија. Од 1979 година учестуваше во наставата на последипломските студии на Институтот за историја, ментор и член во комисии за одбрана на бројни магистерски и докторски дисертации. Во два мандати раководел со Институтот за историја и во Советот за последипломски студии. На 7 јули (Иванден) 2004 година на пат кон родниот Прилеп ненадејно во 64-та година од животот почина професорот Димитар Димески, пред крајот на работниот век, без да ги дочека пензионерските години и новата книга што беше во завршна фаза. Зад себе остави инпозантни дела, достојнни за респект. Тоа му овозможи високо место во македонската историографија. Врвен познавач и истражувач на македонското револуционерно народноослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.