д–р Владимир Алексеевич Мошин
Отец Мошин е роден 9 октомври 1894 година во Петроград. Неговиот татко бил писатал, професор по естетика и љубител на уметноста воопшто. Детството го поминал во дом кој бил собиралиште на врвните петрографски писатели, музичари, ликовни уметници кои оставиле големи траги во неговата душевност и ќе придонесе и тој целиот свој живот да му се посвети на откривање на тајните на уметноста. По завршувањето на гимназијата во (1913) се запишал на Историско-филолошкиот факултет во Петрогад кој го прекинал и се пријавил како доброволец во екот на Првата светска војна. Револуцијата го затекнала во Кавказ, есента (1917) бил префрлен во Тифлос (денешен Тбилиси) каде и го посетувал новоотворениот универзитет. Во (1918) заминал за Киев и таму ги продолжил студиите, но поради воените прилики не успеал да го даде дипломскиот испит. Во 1921 година емигрирал во Југославија. Работел како наставник во гимназијата во Копривница. Во (1922) го положил дипломскиот испит, додека во (1928) докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб. Во (1930) бил избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје каде останал една година и поради финансиски причини се вратил во Копривница. Во (1932) се вработил во гимназијата во Панчево и во исто време бил избран за доцент на Белградскиот универзитет. Имено, потоа бил предложен од проф. Костиќ за вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје но постапката била оневозможена од почетокот на војната во (1941), кога Бугарите го освоиле Скопје, а професорите од факултетот преминале во Белградскиот Филозофски факултет. Јуни (1942) бил принудно пензиониран од окупаторските власти. Истиот месец се вратил во Руската црква во Белград каде останал до (1947). Истата година повторно се вклучил во активна научна дејност. Бил именуван за соработник на Историскиот институт на Српската академија на науките и уметностите и подоцна ја прифатил понудата за директор на Архивот на Југословенската академија ЈАЗУ во Загреб каде се задржал две години. После Загрбскиот период следувал осумгодишен Белградски период, додека последениот период на Отец Мошин е Скопскиот период. На предлог на Блаже Конески и Димче Мире прифатил да работи во Државниот архив на Македонија со цел да организира работа врз системската регистрација и опис на ракописниот фонд од Македонија, така што од (1976) на 73 годишна возраст го започнал најзначајниот период од животот, кој траел деведесет години. Научното и истражувачко дело на професорот е големо кое започнало од времето на неговите студии, а брои 250 билиографски единици. За македонската наука е значајно тоа што го објавил Македонското евангелие на Јован, фототипско издание со увод во кој едадена палеографска и лингвистичкаа анализа. Професор Мошин бил човек со енциклопедиски знаења и широка култура, вљубеник во вистината и високите перспективи, почина во 1987 година во Скопје. По повод 100-години од раѓањето на 9 октомври 1994 на протоерејот, академик, професор д-р Владимир Алексеевич Мошин на неговиот вечен дом во гробиштата „Бутел“ се одржала панихида на која присуствувале македонскиот клир на чело со неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македнски г.г. Михаил и се разбира неговите ученици и почитувачи на неговото дело.